Вкупно 48 излекувани пациенти се регистрирани денеска во Институтот за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 што се лекувале во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Куманово -1, Битола -1, Скопје -19, Тетово -16, Штип – 1, Радовиш -4.
Во ГОБ „8 Септември“ починал пациент од Скопје на 51-годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.
Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Прилеп -9, Тетово -2, Велес -3 и Валандово -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.259. По градови:
– Скопје – 422
– Куманово – 342
– Дебар – 51
– Штип – 34
– Прилеп -126
– Тетово – 62
– Струга – 55
– Велес – 62
– Битола -17
– Охрид -15
– Кавадарци – 4
– Гостивар -13
– Гевгелија – 4
– Струмица – 2
– Крива Паланка – 4
– Радовиш – 4
– Крушево – 3
– Кочани – 28
– Пробиштип – 2
– Кичево – 2
– Неготино -2
– Демир Хисар – 1
– Македонски Брод -2
– Пехчево – 1
– Валандово – 1
Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ – 417, преку Ветеринарен факултет – 14, Авицена – 11, Биотек – 46, „Филип Втори“ (Жан Митрев) -141 и Систина со PCR метода – 31. Досега во земјата се направени вкупно 13.000 тестирања на Ковид -19.