Воспитување

Видео: Како е да се одгледуваат момчиња

Џули споделила момент од секојдневниот живот со момчињата одговарајќи на прашање од пријателка без деца: „Како е да се одгледуваат момчиња?“ Таа објавила видео на „Инстаграм“ од нејзиниот едногодишен син Рис покриен со кал, додека постариот син Логан се појавува на крајот од видеото.

Џули раскажала како нејзините двајца „дивјаци“ се забавувале фрлајќи си кал еден на друг во дворот.

-Тие уживаа, па не ги запрев. Ги гледав како се смеат и не размислував за чистењето што ме чекаше – рекла таа.

Додала и дека момчињата сакаат да бидат надвор и да си играат, што таа го смета за нешто вредно, иако често се соочува со кал во куќата.

Според неа, животот со момчиња е како постојана авантура.

-Тоа е свет полн со енергија, валкана облека, играчки расфрлани насекаде и ненадејни судири во дневната соба – опишала таа.

Еден момент избегнува пластични куршуми, а следниот добива најтопла прегратка со едно „Те сакам“.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top