Игротека

4 одлични причини зошто децата треба да си играат на отворено

Има многу истражувања, особено во САД, кои покажуваат дека децата поминуваат од 4 до 7 минути дневно играјќи си на отворено, додека пред екран поминуваат 7 часа или повеќе. Истите трендови се присутни и во Македонија, особено во Скопје, поради урбаниот стил на живеење.
Секој ден, играњето на отворено изгледа како да е само мал дел од минатото. Сепак, постојат такви што не го забораваат тоа. Еве 4 одлични причини зошто децата треба да си играат на отворено:

1. Физички и здравствен развој на децата

Ова е веќе очигледно, но постојат моменти поради кои го оттргнуваме од мисла на момент и затоа треба да се потсетуваме: „Децата што си играат на отворено имаат подобар физички и здравствен развој!“ Освен надвор, каде на друго место едно дете би можело да трча, скока, фрла топки, се качува итн. За сите овие работи потребни се посебни моторички способности кои само се повторување. Децата на отворено се впуштаат и во аеробик-вежби и се здобиваат со уште повеќе способности, како туркање и влечење. Тие трошат повеќе калории и енергија, со што им се намалува можноста за дебелеење во понатамошните години и се зајакнуваат коските и мускулите. Воедно, играњето под сонце е природен начин како да примаат витаминот Д во телото, што значи дека ќе имаат подобри коски и ќе се минимизира можноста за хронични заболувања. Некои родители сѐ уште се борат со недостиг на витамин Д кај нивните деца.

2. Се развиваат когнитивните и социјалните/емоционалните способности

Играњето на отворено им помага на децата да научат како да си играат со други, да си споделуваат и комуницираат. Тие го учат светот околу нив и стануваат поиновативни и откриваат повеќе за себе и за другите. Сето тоа го прават сами, без инструкции од некој од телевизор или од „Јутјуб“ од телефон. Додека си играат, тие развиваат и нови игри со другите деца и овие врски им помагаат да ги развијат комуникацијата, соработката и организациските способностите. Дополнително, самиот воздух и играњето без граници го намалуваат нивото на стрес кај нив, иако малку го зголемуваат кај родителите.

3. Подобрено внимание

Децата што играат надвор се позаинтересирани, се потпираат на себе и на тоа што го знаат и затоа полесно го насочуваат своето внимание. На децата, пак, што почесто се на затворено им треба некој друг да им ги посочи активностите и да ги води. Истражување, нормално во САД, покажува дека децата што се хиперактивни покажуваат помалку симптоми доколку си играат на отворено.

4. Среќа и подобар имунитет

Дневната светлина ја стимулира ендокрината жлезда. Тоа е дел од мозокот кој е клучен за имунитетот и кој  прави да се чувствуваме среќни. Затоа често ние се чувствуваме среќни кога сме на отворено. Како бонус може да се земе предвид и тоа што ако децата сега поминуваат време на отворено, во иднина повеќе ќе ја ценат природата.
Во Скопје има еден тим кој целосно го препознава значењето на спортскиот начин на живеење кај младите. Тоа се сите во Спортскиот комплекс „Мондано“, кој веќе 8 години работи со гимназијата „Јосип Броз Тито“ и со стотици други млади помагајќи им да спортуваат и да се развиваат.
Тие неодамна одлучија да ја прошират својата мисија и затоа в среда, 28.08.2019, во 18:30 часот официјално го отвораат Mondano Playground center, каде што и најмалите ќе може да си играат. Тоа е најголемата игротека под отворено небо и има голем Трамбулина-парк, Ninja Warrior парк и Зорб топки за одење по вода. Тие веруваат дека ова ќе им помогне на децата уште од најмала возраст да се развиваат и да играат на отворено.

(Комерцијална објава)

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top