Игротека

Социјалните мрежи или играњето видеоигри – откриено што предизвикува недостиг на концентрација кај децата

Експертите сакале да дадат одговор на прашањето дали на концентрацијата кај децата полошо влијаат игрите или социјалните мрежи, и еве што откриле. Прекумерното време поминато пред екрани за децата дефинитивно не е добро, без разлика на тоа каква содржина гледаат.

Кога станува збор за концентрацијата, научниците истражувале дали кај тинејџерите полошо влијаат социјалните мрежи или видеоигрите. Тинејџерите сè повеќе се соочуваат со проблеми со концентрацијата, а новото истражување открило кои фактори всушност влијаат врз опсегот на вниманието.

Времињата се променети и стана сосема вообичаено децата од најрана возраст да растат со екрани. Експертите постојано предупредуваат дека тоа може да има различни последици, а сега е потврдено она во што многумина се сомневале, проблемот не се видеоигрите, туку социјалните мрежи како главен фактор што влијае врз концентрацијата кај тинејџерите.

Истражувањето објавено во списанието „Педијатрикс оупен сајнс“ траело четири години и опфатило повеќе од 8.300 деца на возраст од 9 до 10 години. Научниците следеле колку време децата поминуваат на социјалните мрежи, гледајќи видеа или телевизија и играјќи видеоигри.

Резултатот бил изненадувачки, оние што секојдневно поминувале многу време на социјалните мрежи постепено покажувале знаци дека им опаѓа вниманието, додека оние што играле игри или гледале на „Јутјуб“ или телевизија немале такви проблеми.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top