Ахх, утра – се будиш полека, уживаш во лесен појадок, читаш весник додека пиеш топло, свежо кафе, средувајќи ги мислите за денот што претстои… Ах, кога само би било така!
Кога ќе станете родител, ви изгледа дека имате еден милион работи што треба да ги завршите, и сето тоа во период од еден час, час и половина максимум. Кафе, ма какво кафе? Да, утрата кога сте мајка се навистина продуктивни – ова се работите што чекор по чекор мајките ги завршуваат пред 9 часот наутро:
1. Будење самостојно или од страна на децата.
2. Ставање кафе да се вари (често со рацете на децата приврзани за нозете).
3. Ако имаш постари деца, повторно ги будиш – овој пат со малку појак тон на гласот.
4. Ги облекуваш едното/двете/трите деца, преговарајќи дали е во ред да се носи костим од Бетмен во градинка или не. За време на овој чекор постои можност дека ќе бидете сопрени бидејќи ќе треба да бркате и едно голо дете што трча наоколу.
5. Се справувате со фекалии.
6. Правите неколку различни појадоци – но не и вашиот (се грижите секој да добие соодветна боја на шолјата и чинијата).
7. Го реализирате најбрзото туширање на светот.
8. Се справувате со итна расправија која настанала во вашето отсуство.
9. Ја чешлате косата и брзо се облекувате.
10. Ја чешлате косата на сите други (ова сигурно ќе вклучува и солзи).
11. Поминувате добри 10 минути барајќи го едното од 347 топчиња што знаете дека сте ги купиле, но сега не можете да ги најдете.
12. Се обидувате да направите некаков вид плетенка на една мала личност.
13. Се справувате со уште фекалии.
14. Подготвувате ужини за децата.
15. Го расчистувате нередот од појадокот и се заблагодарувате што се измислени машините за миење садови.
16. Ги местите садовите во машината.
17. Се прашувате зошто вашето дете е повторно голо и си игра со лего-коцки.
18. Повторно го облекувате детето.
19. Проверувате дали сите имаат сè што им е потребно (се разбира дека немаат).
20. Кога мал глас ти кажува дека му треба спортската опрема, па поминувате неколку добри минути во потрага.
21. Ги подготвувате чантите на сите.
22. Наоѓате важно писмо во една чанта кое мора да биде предадено денес.
23. Го потпишувате формуларот и сфаќате дека немате доволно пари за да платите.
24. Ги отворате касичките на децата за да соберете доволно пари.
25. Ги брзате децата во тоалетот и го надгледувате миењето на забите.
26. Пивнувате една голтка од веќе изладеното кафе.
27. Брзо ја поминувате косата со фен и ја собирате во опавче.
28. Му велите барем на едно дете: „Каде ти е чевелот?“
29. Ги проверувате сите уште еднаш пред да излезете.
30. Им ги облекувате на сите јакните и ги закопчувате.
31. Ги туркате сите да излезат побрзо низ вратата.
32. Повторно се враќате назад бидејќи некој мора да оди во веце.
33. Ги носите сите во училиште и градинка.
34. Се трудите да не звучите луто и гневно додека ги брзате да излезат од автомобилот бидејќи веќе многу доцните.
35. Сите ги оставате на вистинското место и ги бакнувате.
36. Само уште цел еден ден пред вас. Сега, каде е кафето?