Воспитување

35 фантастични начини како да го пофалите детето

Позитивност, пофалба, насмевка, сигурност, потврда. Тоа им е потребно на децата за да станат позитивни личности. Затоа ги пофалуваме. Но, како и кога треба да ги пофалиме? Со кои зборови?
Дали мислите дека на вашето дете му се доволни вообичаени пофалби, на пример – многу си убав, паметен, добар, или тоа не е доволно? Е па, не е.
Колку пати на ден ги фалите, а колку ги критикувате?
Дали на вашите деца им кажувате фрази за да се чувствуваат подобро и да ги надминат своите дилеми или со насочени пофалби ги поттикнувате на добро однесување?
На тој начин ја стимулирате нивната самодоверба и навика да се почитуваат себеси и другите.
Дали некогаш сте ги пофалиле вашите деца со вакви зборови?

1. Благодарен/а сум што те имам.
2. Ме правиш горд/а.
3. Имаш многу добри идеи.
4. Драго ми е што сум твоја мајка/твој татко.
5. Важно ми е твоето мислење.
6. Верувам во тебе.
7. Ова семејство не би било толку добро без тебе.
8. Смееш да кажеш не.

9. Знам дека си направил најдобро што можеш.
10. Те прифаќам таков/таква каков што си.
11. Можеме да се обидеме на твој начин.
12. Ме правиш среќна/среќен.
13. Многу ми е забавно со тебе.
14. Не плаши се да бидеш – ти.
15. Многу си интересен/а.
16. Добро е да се биде љубопитен.
17. Ми се допаѓа како раскажуваш приказни.
18. Тоа што го направи сега е прекрасно! Супер!
19. Ти се воодушевувам.
20. Тоа е добро прашање.
21. Твоите пријатели се среќни што те имаат.
22. Ти верувам.
23. Тоа беше добар избор.
24. Кога ти си среќен, и јас сум среќна.
25. Поради тебе, мама/тато е подобар/а.
26. Те разбирам во целост.
27. Преубаво ми е да бидам со тебе додека растеш.
28. Утре ќе се обидеме повторно.
29. Нема секогаш сите да те сакаат и тоа е во ред додека те сакаат луѓето што ти значат.
30. Никој не е совршен.
31. Те слушам.
32. Тоа е добар заклучок.
33. Те сакам.
34. Никогаш не би можел/а да престанам да те сакам.
35. Поради тебе, моето срце е полно.

Што вие ќе им кажете на вашите деца денес?

Поврзани написи

To top