Тригодишно девојче успеа да направи и да достави 1.000 колачиња за сите луѓе што се во првите борбени линии за време на пандемијата.
Миа Вила уште од 18 месеци прави колачиња. Сега, со помош на нејзината мајка, успеала да направи над 1.000 колачиња и да ги достави до вработените во болниците, во супермаркетите, ветеринарите, пожарните и полицијата.
– Светот беше тажен и му беше потребна добрина – вели мајката на Девин Виља од Стилватер, Њујорк.
– Си помислив: „Кој не би сакал колачиња?“ Ова мало 3-годишно девојче би можело да шири насмевки – додава таа.