Здравје

24 излекувани, 7 нови случаи на коронавирус во земјава

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 излекувани пациенти што се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти се евидентирани во: Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3.

Во изминатите 24 часа се потврдени 7 нови случаи на коронавирус. По градови: Куманово- 2, Тетово- 3 и Кочани- 2.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Лабуништа на 70-годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш бил приклучен на респираторна машина.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус во нашата земја изнесува 1.231, а последната дистрибуција по градови е:

– Скопје – 411
– Куманово – 340
– Дебар – 51
– Штип-34
– Прилеп –117
– Тетово – 60
– Струга – 55
– Велес – 59
– Битола –17
– Охрид –15
– Кавадарци – 4
– Гостивар –13
– Гевгелија – 4
– Струмица – 2
– Крива Паланка-4
– Радовиш – 4
– Крушево – 3
– Кочани – 28
– Пробиштип – 2
– Кичево – 2
– Неготино -2
– Демир Хисар – 1
– Македонски Брод -2
– Пехчево- 1

Во изминатото деноноќие направени се 207 теста. Досега во земјата се направени вкупно 12.340 тестирања за коронавирус.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top