Колку времето помеѓу изгревањето и заоѓањето на сонцето. Ете, толку брзо поминува времето кога ви се чини дека децата се невозможни, т.н. тодлер-фаза. А од сите родителски фрази оваа е најточна: Деновите се долги (предолги), а годините се кратки.
Затоа, за подобро да ги искористите и за да не се каете утре што не сте уживале, еве 22 работи што треба да ги направите со своето дете пред да тргне на училиште.
1. Научете го да ги врзува врвците. Зајачки уши, прекстри, повлечи одоздола. Повтори.
2. И како љубезно да им каже НЕ на другарите или на други луѓе кога нешто не сака.
3. Исклучете се како семејство, што почесто бидете офлајн. Не дозволувајте вашето дете да се натпреварува со друштвените мрежи за вашето внимание.
4. Собирајте школки и направете замок од песок. Брзо ќе дојде времето кога сурфањето ќе им стане поинтересно од играњето во песок.
5. Развијте ја самодовербата на детето – како знаете. Научниците тврдат дека за тоа имате време до 5-тата година. Без притисок, но ете, да си знаете.
6. Бакнувајте го колку што ќе ви дозволи – пред неговите другари.
7. Гледајте заедно цртани филмови.
8. Дозволете му да трча голо. Надвор. Барем еднаш.
9. Потрошете едно непланирано попладне во зоолошка градина. Домашната може да почека.
10. Возете се заедно во кочија.
11. Урмете цртеж што го нацртало вашето дете.
12. Запишувајте ги сите смешни работи што ги кажало.
13. Направете контрола на видот, слухот и говорот на вашето дете. Ако се потребни, набавете супер кул очила.
14. Не размислувајте за децата 24 часа на ден, туку поминете ден или два со сопругот додека децата се кај бабата. Секој родител заслужува пауза.
15. Испланирајте и викенд со пријателите каде што ќе зборувате за други работи освен за вашите деца.
16. На ѕидот од детската соба закачете графикон на растење и следете колку брзо расте вашето дете.
17. Пронајдете некоја активност што ќе ве прави среќни (пилатес, одење во спа, трчање). Бидете редовни и не откажувајте се.
18. Одберете книга за дисциплина која ќе ја читате и на која ќе ѝ верувате. Прифатете го само она што ви се чини добро.
19. Прифатете ги и мааните на своето дете, дозволете му да учи од сопствените грешки. И бидете тука за сите тие грешки да му ги простите, веднаш.
20. Пријавете се да помогнете во училиштето, ако нешто е потребно.
21. Читајте му секој ден. Без исклучок.
22. Заспијте го вашето дете секогаш кога можете. Што почесто.