Aхх, есен. Времето од годината кога согледуваме дека воздухот станал лесен и крцкав, исполнувајќи ги нашите стомаци со желба за крофни, а нашите глави со идејата дека собирањето јаболка во овој период би било одлична семејна активност која би требало да стане дел од семејните есенски традиции. Па пред да се променат лисјата од портокалови во кафеави, да одиме во најблискиот овоштарник и да набереме вкусни есенски јаболка. Но, што ќе се случи кога ќе ги понесете и вашите деца со себе::
1. Ќе ги облечете во нивните најубави капути за да направите супер фотографии, инсистирајќи дека ќе завршите многу брзо.
2. Приближно 6 илјади други семејства што ја имале истата идеја како вас ќе пристигнат на истото место во истото време, во сабота наутро.
3. Кошничката која е наменета за собирање на јаболката ќе ви предизвика нервоза додека се мачите да ја извадите од багажникот.
4. На пултот за информации вработениот ентузијастички ќе ви го покажува соодветниот начин како да ги собирате јаболката, додека им доделува кошнички на децата кои тие ќе ги стават на своите глави.
5. Додека пристигнете во редот со дрвја, децата веќе ќе искршат неколку гранки и ќе имаат неколку меѓусебни расправии.
6. Следните 20 минути од вашиот живот ќе бидат исполнети со кревање на децата за да соберат јаболка од високите гранки, бркање на децата кои бегаат од пчели и спречување на другите деца да не стапнат онаму каде што не треба. За тоа време, вие ќе се обидувате да ги овековечите слатките моменти со камера.
7. Децата за кратко ќе почнат да лудуваат бидејќи не сте им купиле нешто што го сакале.
8. Откако ќе ја направите совршената фотографија, ќе сведочите на расплакани деца кои доаѓаат кон вас и ветуваат дека ќе бидат мирни ако ги оставите да ги хранат коњите со моркови.
9. Ги донесовте децата соодветно облечени и средени за оваа семејна авантура, а дома се враќате со неуредни фризури и изместени парчиња облека.
10. За да дојдете до паркингот, треба да поминете покрај тезги со слатки, крофни, сокови, а сите сте изгладнети.
11. Ќе потрошите многу пари за непотребни работи.
12. Барем едно дете ќе биде премногу исплашено да нахрани еден од коњите пред да си одите.
13. Барем едно дете ќе мора да оди во тоалет веднаш откако ќе ги спакувате работите и ќе се спремате да одите.
14. Барем едно дете ќе чека да излезете на автопат пред да ви каже дека ги оставило своите чевли покрај сеното.
15. Откако ќе гледате рецепти со јаболка онлајн кога ќе се вратите дома, ќе сфатите колку всушност не сакате да печете ништо со тие јаболка, па ќе одлучите да ги ставите во декоративни чинии и ќе ги оставите во кујната.
– Ќе објавите фотографии од внимателно селектираните јаболка на социјалните медиуми. Ќе добиете многу „лајкови“ и коментари дека децата се преслатки, а сето тоа ќе ја избрише нервозата од скапата и исцрпувачка авантура што сте имале тој ден, уверувајќи се себеси дека следната година ќе го повторите истото искуство.
Автор: Ким Бонџорно
912