Британскиот новинар Тим Лот, татко на четири деца, за „Гардијан“ составил мал водич за сите оние што размислуваат да станат родители.

1. Децата се разумни.
Децата се бесни. Не обидувајте се да ги вразумите.

2. Децата се глупави.
Децата се многу паметни затоа што продолжуваат да поставуваат прашања од кои ние возрасните сме се откажале.

3. Децата сакаат да им бидете пријатели.
Не го сакаат тоа. Сакаат да им бидете родители.

4. Децата обрнуваат внимание на она што го зборувате.
Не, тие не го прават тоа. Обрнуваат внимание на она што го правите.

5. Најголемиот детски страв е стравот дека ќе умрете.
Не. Децата најмногу се плашат дека не се доволно вредни за вашата љубов.

6. Новороденчињата се нешто најубаво на светот.
Новороденчињата се прилично грди. Особено кога се прекриени со таа лигава течност. И не изгледаат многу подобро ни кога ќе бидат исчистени.

7. Раѓањето на детето е прекрасно искуство.
Пораѓањето е како средновековна тортура, а за мажите тука е и чувството на вина.

8. Децата сакаат да трошите многу пари на нив.
Децата сакаат да поминете многу време со нив.

9. Децата реагираат на критики и казна.
Не, само ве мразат поради тоа.

10. Вашите деца мислат дека сте кул.
Не, мислат дека сте без врска. Благиот презир е најдоброто нешто на кое можете да се надевате.

11. Вие сте одговорни за тоа какви ќе станат вашите деца.
Не сте. Децата се формираат самите многу повеќе отколку што ги формира светот околу нив. Затоа вашите деца толку се разликуваат меѓу себе.

12. Како што вашите деца растат, полека ги губите.
Не, само стануваат сè поскапи.

13. Децата се раѓаат добри, а потоа полека се расипуваат.
Децата, како и нивните родители, се мешавина од добро и лошо.

14. Девојчињата се ангелчиња, а момчињата ѓаволчиња.
Обично е обратно. Набљудувајте го девојчето во играта 20 минути. Тоа ниво на психолошка бруталност може да се мери само со шпанската инквизиција. Момчињата само се удираат меѓу себе, а потоа забораваат на тоа.

15. Вашите деца се посебни, талентирани и убави.
Статистички, мали се шансите за тоа. Повеќето деца се сосема просечни. За среќа, моите се исклучок.

16. Кога ќе наполнат 13 години и кога ќе влезат во пубертет, децата стануваат тешки, непристојни, непријатни и себични.
Децата може да бидат тешки, непристојни, себични и непријатни и пред тоа.

17. Да се има деца е причина да се чувствувате многу горди.
Всушност, речиси секој може да го постигне тоа. Особено е лесно за мажите.

18. Тоа што сте ги подигнале и нахраниле вашите деца, сте им овозможиле дом и сте ги потрошиле сите пари на нив, сакајќи ги и штитејќи ги, значи дека нешто ви должат.
Не ви должат. Или барем така тие мислат, што му доаѓа исто.

19. Децата денес премногу време поминуваат пред екранот.
Всушност, тоа е одлично. Поради тоа не морате со нив да играте „Монопол“ и заедно да редите сложувалки.

20. Прекрасно е да се патува со децата на одмор.
Зависи од тоа колку сте во состојба да платите дадилка.

Извор



912

X