Осумнаесетгодишна мајка која има 13,1 милиони следбеници на „Тик-Ток“ тврди дека може да го издржува своето семејство од парите што ги заработува на таа апликација, а е позната по тоа што постојано објавува видеа на кои танцува со својата ќерка.

Сара Магусара, која живее во Бризнејн, Квинсленд, со нејзиниот партнер и 6-месечната ќерка Замира е толку популарна онлајн, што морала да отвори електронска пошта за менаџмент само за да се справи со барањата за следење што ги добива секојдневно. Дури и пред да постои „Тик-Ток“, Сара објавувала видеа од себеси како танцува, на нејзини 13 години, привлекувајќи го вниманието на сите оние што сакале да ги копираат нејзините движења.

– Мојот брат ме научи како да танцувам. Го видов како танцува во дневната соба и си помислив – и јас сакам да го правам тоа. Се приклучив на локална танцувачка група во 2016 година и таму многу научив. На пример, има разлика помеѓу танцување балет, џез, хип-хоп. Таму дефинитивно го збогатив моето знаење -раскажува Сара.

фото: „Инстаграм“/ Сара Магусара

Според „Инфлуенсер маркетинг хаб“, оние што имаат голем број обожаватели на „Тик-Ток“ може да заработуваат дури и до 10 илјади долари од објава, како што некои може да заработат од „Инстаграм“ и „Јутјуб“ со спонзорирани објави. Кога ќе ги ставите деталите на Сара во „Тик-Ток калкулаторот на пари“, резултатот е дека таа заработува некаде помеѓу 7.970 и 13.283 долари за објава, иако ова не е потврдено.

– Јас сум среќна што сум во таква позиција да имам 13,1 милиони следбеници, па заработувам доволно за да се грижам за себе, семејството, партнерот и моето бебе – изјавила таа.

Таа треба само да вежба од 5 до 15 минути на ден за да објави видео. Нејзиниот најдобар совет за другите што сакаат да го живеат истиот животен стил е да се впуштат во трендовите кои подразбираат видеа што стануваат вирални, без разлика дали се работи за специфичен танц или предизвик. Таа раскажува како успеала да изгради толку голема публика. Објавила 880 видеа на „Тик-Ток“, забременила со нејзината ќерка, па ги балансирала студиите со дневните физички промени што доаѓаат со одгледувањето дете. Таа првично била загрижена за реакцијата на нејзините сакани, па мислела дека разочарува некои луѓе, но повеќето ѝ изразиле огромна поддршка.

фото: „Инстаграм“/ Сара Магусара

Сара ја завршила последната година на училиште и отишла на матурата пред да ја роди Замира. Се надева дека нејзините танцувачки вештини ќе бидат стабилна финансиска платформа и во идните неколку години бидејќи ќе продолжи да го споделува нејзиниот живот онлајн.

фото: „Инстаграм“/ Сара Магусара

Автор: Матилда Рад

Извор



912

X