Игротека

14-годишно девојче прави цртежи со креда за нејзиното братче да „патува“ во нови авантури

Без училиште, спорт, игри, камп или дружење со другарчињата, децата и тинејџерите се оставени сами на себе кога станува збор за занимација за време на карантинот. Но, тоа не значи дека тие се осудени на досада.

На пример, 14-годишната Макаир Еверет и нејзиниот 9-годишен брат Камден најдоа уникатен начин да ги осветлат не само сопствените животи, туку и животите на нивната заедница. На почетокот Макари цртала креативни „сцени“ со креда на тротоарот, а Камден со нивна помош „патувал“ низ целиот свет. Нивното соседство Либертивил, Илиноис, е исполнето со 100 уметнички дела, но тие не планираат да престанат.

– Ми текна идејата бидејќи јас и брат ми сакавме да се занимаваме со нешто додека сме во карантин. Откако направив еден цртеж со балон, му реков да застане на сликата, па одлучивме тоа да го направиме повторно. Откако цртав 15 дена по ред, решив да си поставам цел: да цртам 100 дена по ред – вели Макаир.

Сега, откако ја исполнија целта, нивниот проект и понатаму продолжува.

– Забавно беше да се преправаме дека може да се патува и да се оди на забавни авантури. Ја исполнив целта од 100 дена по ред, но сега сакам да помогнам во ширењето радост кај другите бидејќи луѓето ми велат дека ова ги прави среќни – вели Макаир.








 

 

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top