Во периодот од 10 до 16 мај годинава се пријавени вкупно 134 нови случаи на мали сипаници, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од вкупниот број новопријавени заболени лица, 48 случаи се од Скопје, а останатите 86 се од 10 други градови: Струга, Куманово, Тетово, Охрид, Велес, Гостивар, Валандово, Прилеп, Дебар и Крива Паланка.

Во текот на оваа недела најголем број случаи (82) се на возраст над 20 години.

Заболените од мали сипаници според возраст, декември 2018-мај 2019; Извор: ИЈЗ

Според вакциналниот статус, 94, односно 70,1% од регистрираните случаи се невакцинирани, нецелосно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Од почетокот на епидемијата во декември 2018 заклучно со 16 мај годинава се регистрирани се 1.524 случаи на мали сипаници.
Најголем број се од возрасната група над 30 години. Пријавени сe 261 дете на возраст под една година. Имало 229 заболени деца на возраст од 1 до 4 години.



912

X