Воспитување

13 активности за децата да се занимаваат додека не пристигне Дедо Мраз

Забавувајте се со децата со овие 13 божиќни активности. Божиќ е посебно време за секого, но радоста што ја доживуваат децата за време на празниците е неспоредлива.

Всушност, децата можат толку да се возбудат за претстојните празници и доаѓањето на Дедо Мраз, што стануваат и малку немирни. Во меѓувреме, можете да завиткате подароци, да печете колачиња и да пишувате картички.

Направете венец од пуканки

Понекогаш е потребно децата да седнат и да се релаксираат. А кој е подобар начин да бидат зафатени ако не вклучувањето во занает кој истовремено го одвлекува вниманието, создава украси, а има и грицки. За да создадете совршен венец со пуканки, сè што ви треба се свежи пуканки, конец, ножици и некој вид игла за изработка и можете да почнете.

Направете снегулки од хартија

Потребно ви е парче бела хартија и малку преклопување и сечење за да направите одличен сезонски декор. Нема да биде важно какво е времето надвор, само залепете ги овие убави снегулки на вашите прозорци и за кратко време ќе имате бел Божиќ.

Играјте игра со редење божиќни шолји

Еве уште една игра што можете да ја започнете за една минута, а ќе биде хит кај децата на вашата празнична забава. Тоа е игра што си ја правите сами, само земате картон со празнични мотиви и соодветни украсни чаши, па гледајте како брзо се развива забавата.

Печење божиќни колачиња

Кога станува збор за божиќните активности за деца, можете да подготвите празнични слатки задоволства. Од дегустација и лижење на садот, до украсување на колачињата, празничното печење нуди забава погодна за децата на секој чекор, а наградата е исто толку слатка.

Изградете куќа од медени колачи

Ниту еден проект никогаш не изгледал толку добро или вкусно како оваа слатка празнична градба. Можете сами да ги печете вашите куќички од медени колачи, а овој инженерски предизвик ќе го задржи вашето дете зафатено и истовремено ќе ја задоволи неговата потреба за слатко.

Играјте божиќна верзија на „Погоди кој“?

Оваа семејна игра со погодување е исто како вистинската, но малку попразнична. Во основа, идејата е да напишете еден куп ликови со празнична тематика на картички, да изберете една картичка по случаен избор и да ја ставите на глава, а потоа со прашања да се обидете да погодите кој сте. Звучи едноставно, а е многу забавно.

Донирајте играчки

Подгответе го вашето дете за нови играчки така што ќе му оставите место преку проект за чистење на неговата колекција, што вклучува испраќање на старите, несакани играчки во корпата за донации. Ветувањето за нови подароци ќе им помогне на децата од сите возрасти да почнат да го ценат празничниот дух на доброто дело, а и секој ќе има корист од чистењето.

Напишете му писмо на Дедо Мраз

Божиќните списоци се одлични, но позабавно е детето да му испрати срдечно писмо на Дедо Мраз. Најдобриот дел ќе биде изгледот на лицето на детето кога Дедо Мраз всушност ќе му одговори – имајте го тоа на ум.

Направете топло чоколадо

Подгответе вкусен сладок пијалак за целото семејство. Доколку детето не е доволно возрасно за да ви помогне, сами направете топло чоколадо, а потоа послужете им го на вашите најблиски и уживајте во вкусниот топол напиток, кој можете да го послужите со вашите омилени колачиња.

Играјте „Санта Лимбо“

Лимбото е уште подобро кога се игра во целосна опрема од Дедо Мраз, односно сите учесници да бидат облечени во костим од Дедо Мраз, а наместо обично јаже, да поставите светилки под кои ќе поминувате, се разбира додека во заднина има празнична музика.

Украсете ја новогодишната елка

Ова е еднократна активност, но е многу посебна за децата.

Посетете го божиќното светлосно шоу или базар во градот

Откако ќе ги видите сите новогодишни светла што ги нуди соседството, однесете го вашето дете да види уште поспектакуларни украси. Градовите веројатно нудат различни програми, па прошетајте заедно со вашите малечки.

Следете го Дедо Мраз

Можете да смислите цела палета божиќни активности за деца, но децата најмногу ги интересира едно нешто – кога доаѓа Дедо Мраз… Во случај да сте го пропуштиле, Командата за воздушна одбрана на Северна Америка (НОРАД) им помага на децата да откријат каде е Дедо Мраз. Возбудените деца сигурно ќе бидат воодушевени од оваа интернет-услуга, која можете да ја најдете на овој линк.

Автор: Ема Михановиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top