Кога станува збор за животот со новото бебе, голем дел од мажите малку побавно сфаќаат некои работи. Затоа, една мајка направила интересен список на работите што татковците не би требало да ги прават откако ќе дојде новиот член во семејството
Првата година со новото бебе може да биде многу напорна. Мајките се принудени да се приспособат на новиот „поредок“ и распоред затоа што немаат избор. Но, на некои татковци, не на сите, им е потребно малку повеќе време за да се навикнат на тие промени. Еве што НЕ СМЕАТ да прават татковците на мало бебе.
1. Да ја прашате жената зошто плаче (на начин кој сугерира дека плачењето е чудна реакција на тоа што во моментот се случило)
Можеби колачот ѝ се стопил во шолјата кафе или влечките ѝ испаднале додека се симнувала по скалите… Овие работи се оправдани за плачење кога ќе станете мајка. Драги татковци, кога жената плаче, од вас не се очекува да ја поправите работата, туку да ја ѝ помогнете да легне на каучот и да ја ладите со палмин лист додека кризната ситуација не помине.
2. Да спиете во недела
Освен ако не постои некој вид договор „услуга за услуга“, спиењето во недела воопшто не е опција во наредниот период. Во секој случај, преговарајте со вашата жена, но немојте да претпоставувате дека неделата сѐ уште е резервирана за целодневно излежување в кревет.
3. Да претпоставувате дека вашата сопруга е единствениот возач
Ако дои, веројатно не пие алкохол. Но, тоа не значи дека ќе ви биде шофер во наредната година. Нема ништо подосадно отколку да одите на вечера и да бидете трезни додека вашиот маж пие и е најзабавната личност од сите.
4. Да прифатите покана за ручек или вечера од име на вашата жена
Единствената работа што ме зачудуваше кога станав мајка на првото дете беше тоа што еден наш пријател постојано настојуваше да одиме на ручеци (во кои беше вклучено и големо количество алкохол) во викенди. Тој всушност се обидуваше да го придобие мојот маж, кој, патем, имаше жена и шестмесечно бебе и не планираше да ангажира дадилка. Едноставно очекуваше дека животот ќе продолжи како дотогаш, со бебето и жената во друштво.
5. Да ја следите редовноста на сексуалните односи и тоа да ѝ го споменувате на својата жена
Не грижете се. И ние ја следиме. Но, еден совет – да ѝ се зборува на жената колку време помина од последниот пат не е делотворен афродизијак. Од друга страна, менувањето на пелените на бебето, приготвувањето на вечерата и миењето на чиниите и тоа како се еротични.
6. Да одговорите на прашањето: „Дали задникот ми изгледа голем во ова?“
Само преправајте се дека не сте го слушнале прашањето. Напуштете го домот и доколку е потребно, не враќајте се додека вашата сопруга не заборави дека ве прашала. Нема долго да трае, има „бебешки мозок“ и функционира како златна рипка.
7. Да ѝ купите на жената правосмукалка за роденден
Знам дека изгледа како практичен подарок и се согласувам дека, ако станува збор за супер правосмукалка, ќе го олесни животот. Но, изберете нешто друго што вашата сопруга го сака.
8. Да предложите да набавите куче
Не е време да удомите куче додека таа не каже дека е време да удомите куче.
9. Да предложите дека е време за ново бебе
Истото објаснување како и под број 8.
10. Да останете на пијачка во петок после работа
Дружењето со колегите во петок после работа треба да го одложите за одреден период, барем додека бебето не потпорасне.