Воспитување

Работи што секоја мајка треба да ги понесе кога излегува со бебето

Како што обично се случува, бебето за миг се валка со каша или ја намокрува облеката во најнезгодниот момент, кога планирате набрзина да излезете од дома или да седнете на кафе. Токму затоа треба да бидете подготвени за сите можни ситуации, а тоа вклучува еден куп работи што мора да ги понесете со себе секогаш кога ќе излезете од дома со вашето бебе.

Количка – некои мајки претпочитаат колички за бебиња поради полесното маневрирање при пазарењето и пократките излегувања со бебето, но како што расте бебето, количката е попрактично решение и многу е полесно да ги складирате сите потребни работи во неа отколку да ги носите во торба. Покрај тоа, многу бебиња полесно заспиваат во количка.

Ќебе – доколку користите количка, задолжително понесете ќебе за ситуации кога станува студено или кога ќе забележите дека на бебето му е ладно.

Чанта за пресоблекување – голема чанта која одговара на сите потреби е навистина „задолжителна“ за секоја мајка. Некои колички веќе доаѓаат со чанта што може да се закачи на количката, додека некои мајки претпочитаат да купат чанта посебно, во зависност од нивните потреби.

Пелени – кога пакувате пелени, треба да земете предвид колку време ќе поминете надвор од дома. Две или три пелени обично се доволни.

Детска козметика – ставете производи за нега на бебешка кожа во вашата чанта, а добро е да понесете и производи со заштитен фактор.

Тетра-пелени – одлични се затоа што можете да ги користите за сто работи: при доење, при хранење и подригнување, наместо лигавчиња, како ќебе.

Термос – практични се доколку бебето пие адаптирано млеко бидејќи во нив можете да носите топла вода, но и вода за пиење.

Шише – секогаш имајте шише за вода, млеко, чај или сок.

Резервна облека – бебињата се валкаат неколку пати на ден при хранење, лазење и слично, а често се случува на бебето да му пропушти пелената, па паметно е да имате дополнителна во чантата. Спакувајте и блуза со долги ракави и панталони за да можете да се приспособите на временските услови. Можете да понесете и резервни чорапи, а ако е лето и капа.

Цуцла – цуцлата е спас во ситуации кога бебето е неутешно додека оди или кога сакате полесно да го заспиете.

Омилената играчка на детето – исто како цуцлата, детето најлесно може да се смири со омилената играчка. Ако сакате да пиете кафе „на мир“, играчката ќе го забавува детето некое време.

Влажни марамчиња – сите што имаат мали деца дома знаат колку се важни влажните марамчиња. Тие се незаменлив дел од чантата на секоја мајка, верен помошник при менување пелени и спасител по дегустација на каша.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top