Игротека

12-годишно момче што сакало да стане воздухопловен инженер примено на универзитет

Младо момче од Џорџија, САД, не е доволно возрасно да вози, но веќе е примено на Техничкиот универзитет во Џорџија – и изгледа дека неговата мајка ќе го вози на предавања. Кога си мајка, сонуваш за денот кога твоето дете ќе оди на факултет. Се прашуваш со што ќе се занимава и кои ќе бидат неговите соништа.

За една мајка тој момент дошол порано од очекуваното – нејзиниот 12-годишен син бил примен на универзитет. Кејлеб Андерсон има желба да биде воздухопловен инженер, а сега ќе може и да се здобие со такво образование. Келб изјавил дека тоа е еден од неговите соништа и дека навистина е возбуден што бил примен. Рекол дека на универзитетот имаат одлична програма од таа област.

Соништата на Кејлеб не завршуваат тука, тој се надева дека ќе постигне мастер-степен на универзитетот и докторат на МИТ. Исто така, сака да стажира во „Спејс Екс“ на Илон Маск.

На прашање дали има чувство дека „крши граници“, Кејбел рекол дека не се чувствува така. Тој само го прави она што сака, но е свесен дека луѓето се угледуваат на него. Кејлеб исто така рекол дека ова бил негов план откако знае за себе, што е навистина импресивно бидејќи голем број возрасни лица сè уште се обидуваат да сфатат што сакаат да прават во својот живот. Лесно е да се претпостави дека Кејлеб е надарено дете.

Како 2-годишник, Кејлеб го научил знаковниот јазик и го читал американскиот Устав. Потоа се квалификувал за МЕНСА, потоа научил да зборува шпански, француски и мандарински.

– Се сеќавам дека луѓето нè исмејуваа бидејќи немавме телевизор дома и на децата им дававме книги за родендени и Божиќ – вели Клер, мајката на Кејлеб.

Таткото на Кејлеб вели дека кога зборувале со други родители чии деца се на слична возраст како Кејлеб, тие сфатиле дека можеби има нешто различно и специјално кај нивниот син. Кога тој бил прифатен во МЕНСА, станал најмладото афроамериканско момче што некогаш било прифатено од таа престижна програма.

Автор: Ешли Вирли

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top