Воспитување

12-годишниот шампион Никола Ѓуретановиќ постави два нови национални рекорди во пливање

Неодамна на базенот „Борис Трајковски“ се одржа меѓународниот пливачки митинг „Немо куп 2019“, на кој дванаесетгодишниот Никола Ѓуретановиќ постави два нови национални рекорди во категорија помлади пионери.
Првиот во дисциплината 200 метри мешано го подобри за 2,19 секунди, со време 2:32:94, стариот беше 2:35:13. Вториот во дисциплината 400 метри слободно го подобри за 4,91 секунди, со време 4:47:96, стариот рекорд кој беше несоборен цели 22 години изнесуваше 4:52:87.

На митингот учествуваа 540 пливачи од Србија, Бугарија, Албанија и од Косово. Актуелниот шампион во категоријата на помлади пионери Ѓуретановиќ вели дека за него овие успеси се мотив да продолжи напорно да работи.

– За мене ова претставува мотив да продолжам напорно да работам со мојот тренер Горан Стаменов, без кого немаше да ги постигнам овие извонредни резултати. Воедно, благодарност и до останатиот дел од тренерскиот тим и моите другари од клубот Вардар 2018, кои секогаш ми даваат безрезервна поддршка – вели Никола.

Неговата мајка Анита Ѓуретановиќ е горда на својот син.
– Се чувствувам прекрасно и исполнето. Напорните тренинзи вродуваат со плод, Никола е заљубен во пливањето, а по соборувањето на рекордите е уште помотивиран и нестрплив да се бори за подобри резултати. И јас очекувам дека со работа, труд и наша безрезервна поддршка тој ќе освојува уште повеќе награди и рекорди во иднина – ни рече Анита.
Ова дете сонува да стане олимписки шампион.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top