Образование

113 од 494 училишта во земјава сакаат да организираат настава со физичко присуство

Вкупно 113 училишта доставиле барање за одржување настава со физичко присуство до владината комисија. 79 од нив стигнале од основните, а 34 од средните училишта. Овие барања се поднесени од основни и средни приватни и државни училишта од земјава. Според податоците на МОН, во Македонија има 494 училишта.
До 10 септември училиштата имаа можност да достават барање за физичка настава, но МОН објаснува дека се уште пристигаат документи по пошта.
Одлуката колку од училиштата ги исполнуваат условите за физички да ги примат учениците од четврто одделение па нагоре ќе ја донесе комисијата, во зависност од можностите на објектите, но и врз основа на епидемиолошката состојба со ковид-19 во општината во која се наоѓа училиштето.

Поврзани написи

To top