Единаесетгодишно момче од Белгија неодамна дипломира на Универзитетот во Антверпен и се здоби со диплома по физика.
– Воопшто не ми е важно што сум најмлад. Мене ми е важно да се здобијам со знаење – изјави Лоран Симонс. Како што вели, тој сака да се претвори во киборг и да живее засекогаш.
– Ова е првата загатка во мојата цел – да ги заменам деловите од телото со механички делови. Сакам да можам да заменам што повеќе делови од телото со механички. Направив мапа за да стигнам до мојата цел – вели момчето.
За да го реализира својот план, следното нешто што Симонс сака да го направи е да студира квантна физика.

– Две работи се важни во студирањето: стекнувањето знаење и примената на тоа знаење. За да го постигнам второто, сакам да работам со најдобрите професори во светот, да погледнам во нивниот мозок и да откријам како размислуваат – вели 11-годишното момче.
– Оваа година Симонс помина и неколку курсеви од магистерската програма. По летото, тој официјално ќе почне со магистратурата – вели портпаролот на Универзитетот.