Студентите на Стоматолошкиот факултет од Скопје деновиве ја организираа хуманитарната акција „Биди и ти нечиј Дедо Мраз“. Неколку години по ред членовите на Студентскиот парламент на овој факултет радуваат дечиња кои се нивни пациенти.
– Средствата собрани од хуманитарната акција ги претворивме во 100 пакетчиња кои ги подаривме на Детскиот оддел од нашата клиника, а со пакетчињата подаривме и насмевка кај децата, помогнати од професорите на Стоматолошкиот факултет и директорката на клиничкиот центар „Св. Пантелејмон“- Скопје. Ние би подариле уште безброј насмевки. На крај сакаме да им се заблагодариме на Факултети.мк што бевме забележани и да им ги честитаме новогодишните и божиќните празници на сите читатели – велат од парламентот и додаваат:
– Четкајте ги забите редовно, особено за празниците поради богатите трпези.