Оваа недела ќерка ми наполни 10 години и ми се случија две работи.
Двете работи што ми паднаа на памет беа:
а) Како, по ѓаволите, имам 10-годишно дете?
б) Има толку многу работи што сакам да ѝ ги кажам – сега – пред да биде стане премногу „кул“ за да ме слуша.
Од тоа произлегоа следните 10 работи:
Сè ќе биде во ред на крајот – ако не е во ред, тогаш сѐ уште не е крај
Јас навистина верувам во ова со целото мое срце. Поминавме тешки времиња, а и вие самите ќе се соочите со многу тешки времиња – но, да знаете дека вреди. Тоа гради карактер и ве учи на сочувство. Можам да кажам дека некои од најдобрите работи во мојот живот беа навистина тешки кога поминував низ нив. Затоа, кога работите изгледаат како да се невозможни, или имате чувство дека никогаш нема да биде подобро, само знајте дека на крајот ќе погледнете назад со чудење. Ќе биде во ред.
Целата работа со дрогата и алкохолот е што всушност тоа не е поврзано со дрогата и алкохолот
Ќе пробате одредени работи – мене тоа не ми пречи. Повеќето од нас го прават тоа, без разлика дали тоа е пушење цигари или пијанство на забава.
Но, тука е поентата: сите тие работи се само уште еден начин да не се биде присутен. Да се биде присутен и да се биде свесен за тоа што всушност се случува е прилично прекрасно. И кога ќе се обидете да ги отфрлите тешките чувства со алкохол или дрога (или храна, или шопинг или нешто друго), тие не исчезнуваат. На крајот, ќе треба да се справите со нив, а животот станува многу подобар кога ќе го сторите тоа.
Дознајте што сакате и посветете се на тоа
Ако го поминете животот обидувајќи се да се дефинирате според она што некој друг го сака, ќе бидете очајни и несреќни. Пробувајте работи, пробајте сè. Согледајте од што ви се полни срцето и потоа одете и направете го тоа. Дознајте сè што можете за тоа. Најдете други луѓе кои го сакаат истото. Ако губите време преправајќи се дека нешто ви се допаѓа затоа што тоа им се допаѓа на другите луѓе за кои мислите дека се кул, ќе завршите со погрешни луѓе во вашиот живот. Сакајте го она што го сакате и бидете свои.
Не плашете се да правите грешки
Отсекогаш го сакав цитатот на Нил Гејман:
„Ако правите грешки, тогаш правите нови работи, пробувате нови нешта, учите, се туркате себеси, се менувате, го менувате вашиот свет“.
Не можеме да направиме ништо вредно без да правиме грешки. Ако чекате да пробате нешто додека не сфатите што сакате, ќе чекате засекогаш. Грешките не се неуспеси – тие се начинот на кој ние учиме.
Заслужувате почит
Тоа го заслужувате од мене, од татко ви, од пријателите, од учителите – од сите во животот. Најдобар начин да добиете почит од другите е да започнете со почитување на себеси. Зборувајте јасно и држете ја главата горе. Застанете зад она во што верувате. Направете избори поради кои ќе се чувствувате добро.
Првата личност што ќе ви го привлече вниманието не е вистинската
И веројатно ниту втората, третата или четвртата личност. Дали знаете зошто? Тоа е така затоа што вие сте вистинската личност за себе. Љубовта не е нешто што таму некаде, некој друг може да ви го даде. Таа е веќе во вас. Тоа е тој златен дел од секој од нас што нѐ прави живи. А некои од најдобрите моменти во животот се кога вистински се поврзуваме со некој друг и ја споделуваме љубовта што ја имаме внатре, со таа личност.
Но, не заборавајте прво да се сакате себеси. Кога ќе почнете да се сакате и почитувате себеси, тоа прави да им го дадете на другите луѓе доброто од себе. Ќе сретнете толку многу неверојатни луѓе во вашиот живот и се надевам дека барем еднаш ќе сретнете некој со кој ќе ја споделите таа љубов. Пред да го направите тоа, заљубете се во сопствениот живот, бидејќи никој друг не може да го направи тоа наместо вас.
Романтиката е одлична и не е исто што и љубовта
Сексот со некој што го сакате е прекрасна работа. Тоа, исто така, не е единственото нешто. Ќе ги имате првите бакнежи во животот и ќе мислите „Леле, јас го/ја сакам“, но вистината е дека – бакнежот како таков ви се допаднал. Ќе видите некого и ќе почувствувате нешто што изгледа како филмска љубов, но всушност е само феноменална хемија. Животот е серија од приказни и начинот на кој нашите приказни се вкрстуваат е фасцинантен. Понекогаш луѓето се присутни во нашите животи во целата приказна. Понекогаш тие се само поглавје. Потребна е храбра личност да знае кога станува збор само за поглавје и да успее да го остави зад себе грациозно.
Љубезноста е секогаш соодветен одговор
Кога ќе станете возрасна личност, ќе заборавите многу работи што изгледале толку важни во средно училиште и на факултет. Нема да се сеќавате каков бил вашиот успех. Ќе ги погледнете вашите стари годишници и ќе се запрашате што, по ѓаволите, мислевте со таа фризура. Но, никогаш нема да ги заборавите луѓето што биле искрено љубезни, кои ви помагале кога сте биле повредени, кои ве сакале, дури и кога сте се чувствувале непожелни. Бидете и вие таа личност за вашите пријатели.

Ги немам сите одговори, но секогаш сум тука да сослушам
Во моментов мислите дека ги имам сите одговори. Еден од најголемите подароци што ми ги дадоа моите родители не беше нивната мудрост, туку давањето пример дека возрасните не се статични: тие продолжуваат да растат. Тие продолжуваат да учат. Кога ќе најдат еден начин што не функционира, се обидуваат со друг.
Вистинската зрелост е да се ослободите од она што не функционира и да бидете отворени за да пробате нешто друго. Ќе правите грешки и ќе ги најдете сопствените одговори, а додека го средувате животот, јас сум секогаш тука да слушам.
Никогаш не е доцна да го живеете живот што ве прави горди
Имаме само еден живот. Нема старосна граница за менување на нашиот курс, а заглавување во живот кој не е автентичен е трагично загубен живот. Скот Фицџералд најдобро го кажал тоа:
„За она што вреди: никогаш не е доцна“.
Нема временско ограничување, застанете кога сакате. Можете да се промените или да останете исти, нема правила за оваа работа. Можеме да го извлечеме најдоброто или најлошото од тоа. Се надевам дека вие ќе го искористите најдоброто. И се надевам дека ќе видите работи што ќе ве воодушеват. Се надевам дека ќе почувствувате работи што никогаш претходно не сте ги почувствувале. Се надевам дека ќе сретнете луѓе со поинаква гледна точка. Се надевам дека ќе живеете живот со кој ќе се гордеете. Ако откриете дека не го живеете тој живот, се надевам дека ќе имате храброст да започнете одново.
Ве сакам. Одете направете брилијантни грешки и заљубете се во вашиот живот.
Автор: Кејт Баролота