Во моментот кога ќе ги видите тие две линии на тестот за бременост, сè се менува. Се разбира, не апсолутно сè, но многу нешта. Некогаш плачете од среќа, некогаш од страв, во текот на бременоста поради хормоните, а при породувањето трпите болки и едвај чекате сето тоа да заврши… И тогаш станувате мајка.
И тогаш сè повторно се менува. Вашиот живот станува серија од подеми и падови, солзи, смеа, страв… Некои работи вашето дете ќе ги дознае за вас, а некои можеби никогаш нема да му кажете како точно се случиле. И со причина. И тоа останува само ваша мала тајна. Ова се 10 работи што повеќето деца никогаш нема да ги знаат за своите мајки – а можеби треба:
Плачела поради тебе… многу
Плачела кога дознала дека е бремена. Таа плачела додека те раѓала. Таа заплакала првиот пат кога те држела. Плачела од среќа. Таа плачела од страв. Плачела од загриженост. Плачела затоа што има толку длабоки чувства кон тебе. Ја почувствувала твојата болка и твојата среќа и ги споделила со тебе, без разлика дали си свесен/а за тоа или не.
Го сакала последното парче торта
Но, кога те видела како го гледаш со тие големи очи, не можела да го изеде. Знаела дека ќе ја направи многу посреќна ако те види како ти го јадеш со задоволство.
Болело
Кога ја влечеше за коса, болеше. Кога ќе ја грабнеше со оние остри нокти што е невозможно да се исечат, болеше. Кога ја гризеше додека те доеше, и тоа болеше. Ја удираше во ребрата како вистински боксер, ѝ го тегнеше стомакот девет месеци, го натера нејзиното тело да доживее претходно незамисливи болки додека пристигнуваше на овој свет.
Секогаш се плашела
Од моментот кога дознала дека постоиш во нејзината утроба, направила сѐ што е во нејзина моќ за да те заштити. Те заштитувала како мечка. Кога другите сакале да те држат в раце, таа толку многу сакала да каже „не“ бидејќи во нејзиниот ум никој не можел да те заштити како таа. Нејзиното срце прескокнало неколку пати кога ги видела твоите први чекори. Таа останала будна до доцна за да се погрижи да се вратиш дома безбедно и да се разбудиш рано за да те испрати на училиште. За секој пад, секое најмало сопнување, таа била блиску, подготвена да те фати. Таа била таму кога те прогонувале лоши соништа и високи температури. Таа била таму за да се увери дека си добро.
Знае дека не е совршена
Најмногу се критикува себеси. Таа ги знае сите свои мани и понекогаш се мрази себеси поради нив. Сепак, таа е најстрога кон себе кога си ти во прашање. Таа сака секогаш да биде совршена мајка, да не прави ништо лошо – но бидејќи е човек, повремено прави грешки. Веројатно сè уште се обидува да си прости за нив. Со целото срце посакува да може да се врати во времето и да ги прави работите поинаку, но не може, затоа биди љубезен со неа и знај дека направила најдобро што можела.

Те гледала додека спиеш
Имало ноќи кога таа останувала будна до доцна молејќи се ти конечно да заспиеш. Таа едвај ги држела очите отворени додека ти пеела и те молела „те молам, те молам, оди на спиење“. Потоа, кога конечно ќе си заспиел, сиот нејзин умор ќе исчезнел за момент додека седела покрај твојот кревет гледајќи во твоето совршено лице, чувствувајќи повеќе љубов отколку што знаела дека е можно, и покрај нејзината исцрпеност.
Те носела многу подолго од девет месеци
Ти била потребна. Па така и сторила. Научила да те држи додека чистела, научила да те држи додека јадела, дури те држела додека спиела, затоа што понекогаш само така можела да спие малку. Рацете и се изморувале, грбот ја болел, но те држела мирно затоа што сакала да бидеш блиску до неа. Те гушкала, те сакала, те бакнувала и си играла со тебе.
Ѝ се кршело срцето секојпат кога си плачел
Направила сè што е во нејзина моќ за да те спречи да плачеш, а кога не можела да ги запре твоите солзи, нејзиното срце се кршело на милион парчиња.
Таа те стави на прво место
Имаше моменти кога не можела да си дозволи храна, туширање или спиење. Таа секогаш ги ставала твоите потреби пред нејзините. Таа би го поминала целиот ден задоволувајќи ги твоите потреби, а до крајот на денот не би ѝ останало енергија за себе. Но, следниот ден ќе се разбудила и го правела сето тоа одново, затоа што ти ѝ значиш најмногу.
Би го направила сето тоа повторно
Мора да знаете дека да се биде мајка е една од најтешките работи што некој може да ја направи. Плачеш, те боли, се трудиш, не успеваш, работиш и учиш. Но, во исто време, доживуваш повеќе радост отколку што мислиш дека било можно и чувствуваш повеќе љубов отколку што твоето срце мислело дека е можно. И покрај сета болка, тага, доцните ноќи и раните утра низ кои ја изложивте вашата мајка, треба да знаете дека таа би го направила тоа одново за вас затоа што вие сте вредни за тоа.
Автор: Наташа Крстичевиќ