Воспитување

10 причини зошто тинејџерите често се лутат

Ако размислиме низ што поминуваат тинејџерите, може да откриеме дека е многу очигледно зошто искусуваат бес и лутина толку често и интензивно. Откако ќе го сториме тоа, емпатијата и сочувството ќе се создадат во нас. Да се биде родител на тинејџер не е лесна задача. Тинејџерите поминуваат низ тежок период, па често се фрустрирани и лути. Ова се 10 причини зошто тинејџерите се толку лути:

Притисок

Детето станува понезависно во тинејџерството, па авторитетот често го гледа како притисок и контрола на неговата индивидуалност. Повеќе се интересира за она што го прават неговите врсници бидејќи се обидува да се пронајде себеси, па со нив може да се поврзе на подлабоко ниво.

Заглавени се

Тинејџерите се заглавени во повеќе средини: дома, училиште, воншколски групи и слично. Нивните животи се диктирани од одлуките што ги носат родителите, наставниците, околината и слично. Се чувствуваат како да немаат многу автономни избори, па бунтовништвото е најдобриот одговор за нив.

Социјална конфузија

Како деца, го откриваме светот околу нас на начинот на кој природниот инстинкт и карактерот диктираат. Откако детето почнува да оди во училиште, станува изложено на разлики и социјализација. Од тинејџерите се очекува да бидат поодговорни и да го евалуираат начинот на кој работите се различни. Па тоа ги збунува, добиваат измешани пораки за себе, општеството, родителите и врсничките групи. Тоа за нив е тежок период во кој мора да ги процесираат сите тие нешта.

Непријатност

Тинејџерите се во транзиција – преминуваат од детство во светот на возрасните. Сѐ уште имаат детски интереси и сѐ уште не ги знаат доволно добро улогите на возрасните. Од нив се очекува да бидат послушни деца, но и да се однесуваат зрело и да ги носат вистинските одлуки. Опкружени се, а и чувствуваат физички и емоционални атракции и не знаат како да постапат.

Пубертет

Тинејџерите искусуваат и хормонски промени и физички развој. Не разбираат што сѐ се случува со нив, па се чувствуваат непријатно.

Социјален притисок

Етикети, насилство, злоупотреби – обиди за одржување на сопственото „јас“. Тинејџерите се постојано под притисок, се обидуваат да се дефинираат и да преживеат. Постојано се загрижени за тоа што мислат другите за нив. Едноставно често се губат.

Врски

Дали треба да го сторам тоа или не? Дали сум доволно убав/а, згоден/а? Што мислат моите родители? Што ако забременам? Дали другите ќе зборуваат за мене? Каква репутација ќе имам? Ми треба партнер, не можам да им кажам на родителите, нема да ме остават да одам на состаноци – многу, многу мисли за тинејџерите.

Одговорност и пресметливост

Од тинејџерите се очекува да направат сѐ и сега. Домашни обврски, добри оценки, примерно однесување, добри одлуки, да имаат почит, да бидат расположени, да соработуваат, да покажат иницијатива итн.

Тинејџерите не знаат како да се усреќат себеси

Во оваа транзициска фаза има многу луѓе и системи кои им кажуваат што да прават и како да мислат. Често тинејџерите не знаат кого да слушаат и забораваат како да се слушаат себеси.

Тинејџерите сега мислат со своја глава

Тинејџерството е период кога детето веќе станува возрасна личност. Сфаќа многу работи за светот и почнува да созрева. Имаат индивидуални желби и аспирации бидејќи се дефинираат како сопствени личности. Па затоа често не сфаќаат зошто родителите не ги оставаат да бидат тоа што се и оттаму често произлегува лутината.

Според сето ова, може да се каже дека тинејџерите се лутат со добра причина.

Автор: Венди Кеј

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top