Родителите излегуваат како победници од расправиите со децата во околу 50 отсто од случаите. Исто така, петпати дневно ќе мора да се согласат на одреден вид компромис со своите деца за да го зачуваат мирот во куќата. Според истражувањата, ова е детален список со причините за најчестите и најголеми кавги помеѓу родителите и децата:
– Децата не сакаат да спијат.
– Јадење слатки пред ручекот.
– Кавги помеѓу браќата и сестрите.
– Децата не сакаат да изедат сè од чинијата.
– Неуредни соби.
– Децата сакаат да поминуваат повеќе време пред екраните отколку што им е дозволено.
– Не сакаат да ги мијат забите.
– Домашни задачи.
– Гладни се, ама не сакаат ништо здраво да изедат.
– Децата велат дека се сити, а ништо не јаделе.