Здравје

Причини зошто децата треба да вежбаат и да бидат физички активни

Една третина од американските деца на возраст од 10 до 17 години имаат преголема телесна тежина или се дебели, според Центарот за контрола на болести и превенција, а помалку од 25 отсто од децата добиваат препорака за 60 минути средна до интензивна физичка активност на дневна основа. Препораката е од Американската медицинска асоцијација.

Интеракцијата со технологијата, урбанизираното живеење, училишните притисоци и други фактори создадоа историски ниски стапки на физичка активност кај младите. Родителите, наставниците и фитнес-едукаторите мора да сфатат и да помогнат во меѓусебното едуцирање во врска со важноста од физичката активност кај децата. Свесноста и поддршката за ова сега е и повеќе од клучни бидејќи никогаш досега не било загрозено до таа мера здравјето на децата кога ќе станат возрасни луѓе.

– Ако наставникот сака неговите деца да бидат активни во текот на денот, недостигот на финансирани програми за физичка едукација може да резултира со ангажирање на наставникот и вметнување на физичкото образование во наставната програма.

– Стандардизираното тестирање во училницата прави наставниците да стравуваат за својата работа, па времето поминато во извршување активности кои не се директно поврзани со училишните предмети се смета за ризик за многумина.

– Убранизацијата го намали просторот каде што би можеле да играат децата и да имаат физичка активност. Родителите често треба да ги придружуваат децата во паркови и места на отворено.

– Неактивната интеракција со технологијата е нешто што го окупира вниманието и ја троши енергијата на децата, а на возрасните им дозволува повеќе „слободно време“. Возрасните мора да ја вреднуваат физичката активност и за себе и за децата, често и по цена на „мир и тишина“.

Зошто треба да вежбаат децата? Ова се 10 главни причини поради кои физичката активност е важна за нив, со цел да не се јавуваат чести проблеми во здравјето во понатамошниот возрасен живот:

– Децата што се активни 60 минути дневно покажуваат пониска стапка на дебелеење.

– Поголемата активност кај децата се поврзува со повисоки резултати во читање и математика.

– Физичкиот и когнитивниот развој одат рака под рака. Додека тоа продолжува во текот на животот, оваа врска е најкритична на млада возраст. Кога децата се активни, нивниот ум се развива и дозволува нови видови активности.

– Активностите низ игра што бараат високо ниво на вклучување на сетилата помагаат за развивање низа вештини кои физичката активност ја прават вистинско задоволство подоцна во животот.

– Честата физичка активност се поврзува со подобрувањето на однесување и расположението, во училницата и надвор од неа.

– Активните деца имаат поголема можност да станат поактивни возрасни луѓе.

– Честите активности бараат висок степен на баланс и координација, кои се поврзани со подобрен емоционален одговор.

– Честата вежба ги намалува симптомите на депресија и анксиозност кај децата.

– Редовното вежбање кај децата ја зголемува самоефикасноста, со акцент на здравјето и надворешниот изглед.

Автор: Брет Клика

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top