Игротека

10 најдобри вирални видеа со деца од последните 10 години

Не е тајна дека интернетот може да биде темно место, со оглед на тоа дека секоја веб-страница и социјален медиум се претрупани со тролови, инфлуенсери и слично. Но, иако онлајн-искуството знае да биде и токсично, постои една работа што ги потенцира и убавите нешта на онлајн-светот. А тоа е споделување на видеа од преслатки деца и нивните уникатни моменти. Ова е листа со 10 слатки видеа на деца што за кратко време станаа вирални.

1. Мало девојче чека воз (2011)

Често убавите нешта знаат да бидат и многу едноставни – такво е и ова видео од малечката Медлин, која е многу возбудена додека го чека возот на кој треба да се качи со својот татко. Нејзиниот ентузијазам е едноставно неодолив и шармантен.

2. Софија Грејс и Роузи ја пеат „Супер Бас“ од Ники Минаж (2011)

Има премногу видеа на интернет на кои деца пеат песни, но Софија Грејс и Роузи веднаш станаа популарни со нивната слатка и смешна изведба на „Супер бас“. Додека Софија Грејс го знае секој збор од песната, Роузи едвај знае некој збор, па само игра. Видеото стана толку популарно, што тие беа гости и во шоуто на Елен и ја запознаа Ники Минаж.

3. Пинг-понг бебе (2012)

Додека повеќето од децата се мачат да држат пинг-понг рекет, Џејми за кратко време стана популарен поради неговите вештини. Може само да се замисли колку е добар сега, по седум години.

4. Дете е фатено додека јаде шарени трошки

Некои деца се фантастични лажговци. Други, не баш. Пример за тоа е Џон. Додека неговата мајка го прашува дали јадел од шарените трошки, тој се обидува да одрекува, но за жал заборава да провери дали има остатоци од трошките на лицето. Тоа е момент кој секој родител го доживеал и тешко е во такво издание да му се налутите на детето.

5. Бебе ја обожава „Гангам стајл“ (2013)

Паметите колку голем хит беше „Гангам стајл“? Погледнете го видеото во кое едно мало девојче се буди и едноставно полудува кога ја слуша песната.

6. Детето „очигледно“ (2014)

Со еден збор, Ноа Ритер стана популарен во 2014 година со неговата честа употреба на зборот „очигледно“ во интервју за локална ТВ-станица.

7. Детенце и куче се возбудени што таткото се враќа дома (2015)

Нема потреба од објаснување – видео што ќе ви го стопи срцето.

8. Би-би-си-татко (2017)

Ова можеби е видео на деценијата, а го прикажува родителството во вистинската форма. Интервјуто на Роберт Кели за Би-би-си е прекинато од неговото дете, кое влегува во собата, а потоа и од неговата сопруга, која се обидува да го извади од собата колку што може побрзо. Најимпресивно е тоа што Кели одлично успева да се справи со ситуацијата.

9. Девојче прави пародија од Чајлдлиш Гамбино за да продава колачиња (2018)

Кога Сејмор Харисон и неговата шестгодишна ќерка Черити смислиле идеја да создадат видеопародија од Чајлдлиш Гамбино („Редбоун“) за девојчето да продава колачиња, никогаш не помислиле дека видеото ќе стане вирално. Продадоа еден куп колачиња и го запознаа Доналд Гловер (Чајлдлиш Гамбино).

10. Неврзан разговор помеѓу татко и син (2019)

Кога децата учат да зборуваат, често знаат да кажат и доста неврзани, бесмислени работи. Но, еден татко докажа дека може течно да разговара на „бебешки“ јазик. Преслатко видео, кое достигна над 60 милиони прегледи.

Автор: Блејк Харпер

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top