Воспитување

10 начини како да ѝ помогнете на пријателката откако ќе се породи

Помагање со гостите кои секогаш се во голем број откако ќе се роди бебе во едно семејство, корисни подароци наместо скапи подароци за бебето, охрабрување и поддршка без осудување – ова се само дел од начините на кои можете да ѝ помогнете на својата пријателка откако ќе пристигне бебето во нејзиниот дом.

Кога некој од вашиот круг на пријатели ќе стане родител, вообичаено е да се каже нешто како: „Само извести ме ако ти треба помош!“, иако новите родители обично не бараат помош, но тоа е повеќе од добредојдено за секоја нов родител.

Токму поради оваа причина, ова се неколку едноставни начини преку кои навистина можете да помогнете, особено ако и самите веќе имате деца.

Помогнете ѝ со гостите

Свекрва која е секогаш, но секогаш тука по породувањето? Свратете „случајно“ и помогнете ѝ на пријателката така што ќе ја „забавувате“ нејзината свекрва. Дозволете ѝ, за промена, да се жали за сите проблеми и да озборува за сѐ што ви е познато и непознато.

Куќа полна со гости и мали деца, внуци и внуки? Помогнете ѝ на мајката и забавувајте ги малечките. Изградете засолниште со нив во соба или двор и играјте игра. Во секој случај, тоа важи за сите гости, и секогаш можете да повторувате дека сте поминувале случајно, а вашата пријателка немала поим дека доаѓате. Во реалноста, имајте заеднички код како апел за помош. Кратка и едноставна порака секогаш поминува: „Помош!“

Подарете ѝ ја вашата трудничка облека

Вашата пријателка најверојатно нема да ги изгуби сите килограми што ги добила за време на бременоста, а нема да има ниту време ниту волја да оди низ продавниците барајќи уште еден пар еластични панталони. Доаѓате кај неа на помош, но се разбира ако имате вишок облека што би можела да ја искористи и вашата пријателка, подарете ѝ ја.

Зборувајте гласно во друштво на нејзиниот сопруг за сексуалниот живот по породувањето

Ова ќе помогне ако мажот на вашата пријателка мисли дека таа е единствената што не сака секс по породувањето. Спомнете ги и сите начини на кои партнерот ви помогнал по породувањето. Нема да одмогне!

Помогнете со храна, понесете неколку подготвени оброци

На овој начин ќе им помогнете и на мајката и на таткото. Сè доаѓа предвид, а ако се работи за пица, лазањи или слична храна, слободно известете ја вашата пријателка дека мајките што дојат губат и до 500 калории дневно!

Составете ја пумпата за одмолзување или што било друго за кое вашите пријатели немаат време во моментов

Со новороденче, вашите пријатели и онака имаат полни раце работа, пa помогнете им да ja состават бебешката опрема и да добијат корисни упатства и совети за користење.

Раскажете за вашите „неуспеси“ како мајка на новороденче

Ова ќе ѝ помогне на секоја новопечена мајка да се чувствува подобро за своите вештини како нова мајка. Охрабрете ја вашата пријателка и кажете ѝ дека сè ќе си дојде на свое место и дајте ѝ до знаење дека, во меѓувреме, вие сте тука да ѝ помогнете.

Испратете ѝ порака, но очекувајте дека можеби нема да одговори

Можете дури и да напишете: „Не очекувам дека можеш да ми одговориш веднаш, ти пишувам само да знаеш дека мислам на тебе!“ Во секој случај, слободно испратете ѝ линкови до забавни содржини кои може да ги прочита во 2 часот наутро додека дои.

Согласете се со неа кога ќе каже нешто смешно како: „Ќе биде полесно кога ќе се вратам на работа“

Каква корист може да има ако одговорите на таквите реченици со нешто како: „Кога ќе се вратиш на работа, ќе се чувствуваш виновна, ќе бидеш уморна и исцрпена и ќе останеш без млеко ако продолжиш да доиш.“ Незнаењето понекогаш е благослов, а тоа е особено точно во овој случај бидејќи на новопечената мајка навистина не ѝ се потребни дополнителни напади на паника!

Наместо скапи подароци за бебето, подарете ѝ на мајката нешто корисно што навистина ѝ треба

Од маска за спиење, пакет пелени или подарок – платено чистење на домот. Размислете што навистина ѝ треба на вашата пријателка и што ќе ѝ биде најкорисно во периодот по породувањето.

Без осудување!

Вашата пријателка веројатно се справува со безброј „добронамерни“ совети од сите членови на семејството, осуда од другите мајки и големи очекувања од себе. Вие најдобро го знаете тоа бидејќи сте го поминале истото. Сега е ваш ред да бидете полни со поддршка и разбирање. Бидете тука за неа, слушајте ја и помогнете ѝ да ѝ се олесни овој период што е можно повеќе.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top