Игротека

10-годишно дете го победи ракот и доби неверојатно изненадување

Том Брејди го покажал своето големо срце. На официјалниот профил на НФЛ е објавено видео на кое се гледа како 44-годишниот квотербек на „Тампа беј буканерс“ го изненадува 10-годишно момче Ноа Риб со влезници за „Супербоул“.

Возбудливото изненадување следело откако момчето му го привлекло вниманието на Брејди на натпревар во септември 2021 година. Во текот на играта Риб носел натпис на кој пишувало: „Том Брејди ми помогна да го победам ракот на мозокот“. Брејди му се приближил и му ја подарил својата капа.

„Неодамна држеше натпис дека сум ти помогнал да го победиш ракот на мозокот. Па, слушај, твојата борба инспирира толку многу луѓе, вклучително и мене, но и милиони други“, вели Брејди во видеото, а исто така споменува дека работел со Буканерси и НФЛ за да му обезбедат на Риб и на неговото семејство влезници за „Супербоул“. „Секако се надеваме дека ќе бидеме таму, но знам дека ти ќе бидеш таму. Ќе биде навистина супер за сите нас. Драго ми е што гледам дека си добро. Чувај се, момче. Уживајте со билетите“, вели Брејди.

„Том Брејди е мој херој“, рекол Риб. „Добар е на теренот и надвор од него. Изгледа и како навистина добар татко. Како добар човек. И сруши тон рекорди“.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top