Фотографот Криста Еванс досега фотографирала над 50 породувања. Има многу работи во нејзината професија што ги сака, но признава дека најмногу од сè ја трогнува сведоштвото на првата средба меѓу таткото и бебето.
– Како фотограф имам неверојатна чест да ги фатам првите моменти на детето кога ќе стигне на овој свет. Моментите кога првпат се бања бебето. Моментите кога мајката првпат ќе го земе бебето во прегратка, но и моментите кога бебето ќе го запознае таткото, а тоа секогаш најмногу ме разнежнува – раскажува Криста.
– Тој момент е различен за секој татко. Некои се толку возбудени што буквално треперат, некои стрпливо го чекаат моментот, некои плачат од среќа. Тој момент на чудо најчесто трае минута-две и се чувствувам благословено што ја имам таа привилегија да сведочам и да го овековечам тие моменти – додава таа.
Погледнете некои од нејзините најдраги први фотографии на татковците со нивните бебиња.