Игротека

Топ-10 факти за Први април!

Сакате да дознаете повеќе за Денот на шегата? На вистинското место сте! Прочитајте ги овие 10 факти за Први април…

Први април е ден на забава и смеа што се одбележува низ целиот свет. Овој ден е исполнет со шеги и изненадувања. Тоа е можност да ги покажете вашата креативност и смисла за хумор. Без разлика дали ќе излажете некого или само ќе ги гледате другите како се смеат, Први април е идеален изговор да се опуштите. Еве ги најинтересните факти што можеби не сте ги знаеле:

  1. Денот на шегата секоја година е на ист датум. Денот на шегата секогаш паѓа на 1 април. Потрудете се вашата шега да биде добра бидејќи овој ден доаѓа само еднаш годишно!
  2. Се слави низ целиот свет. Први април се одбележува насекаде – од Велика Британија и САД, па сè до Бразил, Франција, Грција, Индија и Полска.
  3. Тоа е ден за практични шеги! Ова е омилениот ден на сите што сакаат малку да се пошегуваат со своите пријатели.
  4. Со шегите се престанува точно напладне! Според правилата што датираат уште од 18 век, шегите треба да се прават само до пладне. Никој не е сигурен зошто, но некои веруваат дека продолжувањето по 12 часот носи несреќа.
  5. Во Франција го нарекуваат „Априлска риба“. Французите имаат традиција да си лепат хартиени риби на грбот. Кога рибата ќе биде откриена, извикуваат „Poisson d’Avril!“.
  6. Старите Римјани имале сличен празник наречен Хиларија. Овој празник бил многу сличен на денешниот Први април бидејќи тогаш Римјаните меѓусебно си правеле шеги.
  7. Некои историчари веруваат дека сè започнало во 1582 година. Таа година Франција преминала на нов календар. Претходно новата година започнувала околу 1 април, но се префрлила на 1 јануари. Оние што по навика продолжиле да слават во април биле нарекувани „априлски будали“.
  8. Постои верување дека денот почнал со првиот ден на пролетта. Некои веруваат дека празникот настанал затоа што во овој период природата нè „мами“ со ненадејни промени на времето.
  9. Компаниите и медиумите, исто така, учествуваат во шегите! Честопати се објавуваат лажни написи за да се измамат луѓето. Една од најпознатите шеги е од 1957 година, кога Би-би-си објави дека шпагетите растат на дрвја. Луѓето поверуваа и дури се јавуваа да прашаат како да си посадат дрво!
  10. Во Шкотска славењето трае два дена! Таму празникот е познат и како Ден на кукавицата. Инаку, зборот „Gowk“ на шкотски дијалект значи птица кукавица.

Кај нас 1 Април се одбележува со маскирање на дечињата (понекогаш и возрасните) и кажување шеги кои може да траат во текот на целиот ден.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top