Секој има свој идол што го обожава, особено од светот на филмот, личност што ни е драга иако никогаш не сме ја запознале, ниту некогаш ќе ја запознаеме. Џорџ Клуни е еден од нив. Тој претставува симбол за харизма. Но, кога стана татко, јавноста уште повеќе се воодушевува на деталите од неговиот семеен живот.
Холивудскиот актер неодамна изјави дека и покрај сите обврски, за него е многу важно секое утро да ги однесе децата во училиште.
– Носењето на децата на училиште е рутина што внесува чувство на нормалност во мојот живот – вели тој.
Џорџ Клуни е татко на 8-годишните близнаци Ела и Александар, родени во 2017 година.
Иако е многу зафатен и има многу ангажмани, како што вели, надвор од сцената и филмското платно, тој пред сè е татко и сопруг.
– Моментално се обидувам да ги држам децата настрана од снимањата. Не сум сигурен што би мислеле за тоа. Не сакам да сметаат дека сме премногу разгалени – вели тој.
Во разговор со магазинот „Пипл“, актерот објасни дека многу се разликува од ликот што моментално го глуми во новиот филм – пропаднат актер без пријатели и семејство.
– Ликот е опкружен со луѓе што ги плаќал. Јас имам голема среќа што не морав да го направам тоа. Имам среќа што имам прекрасно семејство и одлични пријатели, а моите деца сè уште ме сакаат. Млади се – вели тој на шега.