Воспитување

Побарала ќерка ѝ да наброи три подароци што ги добила минатиот Божиќ – одговорот станал вирален

Една мајка од Калифорнија предизвикала реакции со видео во кое открива што навистина им е важно на децата за време на празниците. Нејзиниот едноставен експеримент со нејзината 13-годишна ќерка станал вирален, а пораката е јасна: децата не се сеќаваат на скапите подароци, туку на моментите што ги споделиле.

Имено, Андреа Дамс објавила видео на „Инстаграм“ во кое ја замолува својата ќерка Бринли да наведе три подароци што ги добила за Божиќ минатата година.

-Пред да додадете уште еден предмет во вашата кошничка, прашајте го вашето дете за ова – напишала таа во описот.

Тинејџерката застанува за момент, а потоа прашува: „Хм… од тебе?“ Кога нејзината мајка потврдува дека мислела на каков било подарок, Бринли едноставно признава: „Не се сеќавам.“

Андреа потоа поставува второ прашање: „Каде бевме на нашиот семеен одмор оваа година?“ Одговорот доаѓа без размислување: „Езерото Тахо.“

Во описот на видеото Андреа ја сумира поентата.

-Ним им е потребно вашето присуство повеќе од вашите подароци.

Видеото е прегледано повеќе од девет милиони пати и собрало стотици илјади лајкови и коментари од родители кои се согласуваат со нејзината порака.

Пораката што одекнува

Андреа објаснила дека се надева оти нејзината објава ќе ги охрабри родителите да „размислат за својот пристап кон давањето подароци за своите деца“.

-Мојата порака е дека понекогаш не вреди маката со купувањето и трошењето кога сè што децата сакаат е вашето присуство. Мислам дека можеме да ги промениме работите оваа година – заклучила мајката.

Извор

Поврзани написи

To top