Неколку стотици радосни дечиња синоќа со нетрпение ја дочекаа Биби во „Капитол мол“. Таа им ја испеа нејзината прва песничка, новогодишната „Трепкај, трепкај, елкичке“, а по прво слушање, и децата заедно ја пееја со неа. Во пеењето на Биби и се придружија и дечињата од Едукативниот центар „Сонце“.
Децата заеднички ги проследија Азбуката, сказните на Биби, а исто така и боеја во боенките од „Светот на Биби“.
Новогодишната песничка на Биби вечерва во 19 часот ќе има премиера на јутјуб-каналот Биби/Bibi.
912