„Добив породилни болки и почна најсреќниот ден од мојот живот, или сепак не“, пишува мајка за српските медиуми

Го сакав тоа дете, уживав во бременоста колку што можев. А потоа дојде и породувањето. Породилиште, поробилиште, полно со бремени жени подготвени да донесат ново чудо на овој свет. Но, освен среќа, секоја чувствува и грижа, а најмногу страв и срам. Да, срам!

Почнува породувањето, а јас го раѓам своето прво дете: Туркам, бидејќи немам каде.

„Погрешно туркаш! Не го правиш тоа како што треба! Слушај ме, престани да туркаш“, ми вика бабицата.

Грубо ме фаќа за нос и ми ја врти главата кон себе за да ја гледам в очи. Непријателството нагло се развива.

Болката е непоимлива, коските ми се раздвојуваат, јас врескам.

„Престани да врескаш! Престани да врескаш!“, вели таа, а потоа се врти кон медицинскиот персонал и зборува во нервоза: „Таа воопшто не соработува!“

Поминува постара жена, која тука е некој медицински фактор, и гледа во мене со гадење: „Цццц!“, ја слушам како мрмори.

Се чувствувам, чувствувам, чувствувам… Немам зборови за тоа чувство, бидејќи солзите само течат…
Како е можно еден од најубавите денови во животот да ми се претвори во еден од најлошите…

Низ ваква или слична ситуација поминува речиси секоја втора трудница во Србија. Зошто ѝ се вика на трудницата? Зошто во породилиштето некои основни работи не можат да се објаснат со нормален тон? Кај нас за ова не се зборува. Жените молчат. Велат, фала му на Бога што сме извлекле жива глава. Но, во светот ваквото однесување се нарекува злоупотреба и малтретирање на породувањето!

Во истражување спроведено во САД се вели дека 17 отсто од жените доживеале некаква форма на насилство во породилиштето. Постојано им викале, биле понижувани, занемарувани…

Лошото искуство во текот на првото породување понекогаш ги одвраќа жените од желбата да родат второ или трето дете. Поголемиот дел од трудниците што раѓаат прво дете чувствуваат парализирачки страв бидејќи знаат „што ги чека“.



912

X