Воспитување

Зошто треба да престанете да им викате на децата?

Употребата на ќотекот за дисциплинирање на вашите деца е во опаѓање веќе 50 години. А викањето? Речиси сите им викаат на своите деца, дури и родителите што знаат дека тоа не функционира. Викањето е најраспространетата родителска глупост денес.

Во семејствата каде што викањето е често децата имаат пониска самодоверба и повисоки стапки на депресија. Истражувањата покажуваат дека викањето предизвикува слични резултати како и телесното казнување кај децата: зголемено ниво на анксиозност, стрес и депресија и зголемување на проблемите во однесувањето.

Викањето не прави да изгледате како авторитет, туку како да сте надвор од контрола. Прави да изгледате дека сте слаби. Да бидеме искрени, викате бидејќи сте слаби. Викањето, дури повеќе од ќотекот, е одговор на личност што не знае што да направи.

Повеќето родители не можат да си го замислат денот без викање. Но, новите истражувања велат дека викањето кај родителите предизвикува двојни проблеми: Што да правам наместо да викам? Како да престанам да викам?

Им викаме на децата за секојдневните работи, а викаме уште повеќе бидејќи првичното викање не функционира. Тргни си ја облеката. Дојди да вечераш. Не малтретирај го кучето. Не удирај го брат ти.

– Ако целта на родителот е катарза: – Сакам да се изнавикам и да покажам колку сум лут/а, тогаш викањето е совршено. Но, ако целта е да се промени нешто кај детето и тоа да развие позитивна навика, викањето не е начин. Постојат други стратегии што не вклучуваат викање – вели д-р Алан Каздин, професор по психологија и детска психијатрија на „Јеил“.

Наместо да му викате на вашето дете затоа што ги оставило чевлите среде соба, утредента, кога ќе си дојде дома, замолете го да си ги стави на место. Кога ќе пристигнете дома, осигурете се дека ве гледа додека вие ги поставувате вашите чевли на место. А ако вашето дете ги стави блиску до местото каде што треба да стојат, охрабрете го и пофалете го.

Мора да имате голема насмевка на лицето, па дури и да мавтате со рацете во воздухот. Следното нешто што треба да го кажете, со висок, весел глас, е да го пофалите. И на крај, треба да го допрете детето и да му дадете некаква невербална пофалба.

– Сакате да изградите навики. Практиката го менува мозокот, а во процесот, однесувањето од кое сакате да се ослободите исчезнува – вели д-р Алан.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top