Ако им викате на вашите деца, не сте сами. Всушност, моето сопствено емпириско истражување посочува дека викањето стана нешто како родителска епидемија. Некои дури и го нарекуваат „нов ќотек“. Но, прашањето е зошто толку многу посветени, интелигентни, совесни родители губат контрола?
Родителите се збунети околу поставувањето на границите со почит
Се чини дека родителите често викаат затоа што, всушност, донеле многу позитивна одлука да им постават граници на своите деца со почит, а не со казнување и манипулација. Родителите се трудат да останат нежни и љубезни, а сепак често нивното однесување е ставено на тест. Тие стануваат фрустрирани, а понекогаш дури и исплашени, чувствувајќи дека изгубиле секаква контрола. И не е ни чудо! Ако се обидете да ги апсорбирате сите нејасни, контрадикторни совети што сте ги виделе и слушнале за дисциплината и воспитувањето, резултатот тешко дека би бил добар.
Многу од овие теоретски идеи изгледаат привлечни и корисни, но доаѓаат со многу правила што треба да ги следите (не казнувајте, не наградувајте, не контролирајте, не давајте временски паузи или последици, користете го зборот „не“, очекувајте послушност, бидете авторитетен и така натаму), но со многу малку објаснувања како да се постигнете сето тоа.
Откако ќе станеме родители, нашиот свет целосно се менува. Многу родители забораваат на своите потреби, но и на своите граници, што доведува до негативни последици.
На пример, во контекст на однос со почит (што значи да го гледате вашето дете како цела личност и да комуницирате со него како такво), во ред е вашето бебе да плаче неколку минути додека ги миете забите. Оставете го бебето на безбедно, затворено место, кажете му дека ќе одите и секогаш прифаќајте ги неговите чувства кога ќе се вратите. Бидејќи ја почитувате потребата на вашето дете за предвидливост, ја претворивте оваа активност во нормален дел од денот за и вашето бебе да научи да предвидува дека ќе одите и ќе се вратите. Тоа и понатаму може да се жали, а вие самоуверено му давате до знаење дека го слушате и го прифаќате неговото изразување на незадоволство.

Ако сте чувствителна личност која не може да спие со бебе во близина, а спиете заедно затоа што мислите дека така треба, тогаш не се грижите за себе. Сакате да го одвикнете вашето дете од креветчето или да ја ограничите целоноќната грижа за бебето, но се чувствувате виновни поради тоа, тогаш не се грижите се за себе.
Ако треба да одите во кујната да сварите кафе, но се плашите да го оставите вашето вознемирено бебе, тогаш не се грижите за себе. Всушност, ако се чувствувате виновни за секој момент кога се грижите за себе, веројатно не се грижите за себе. Ова се некои од главните причини зошто родителите занемаруваат да воспостават лични граници со своите деца или користат манипулативни алатки, како што е одвлекување на вниманието (што често води до викање). Со други зборови, родителите не веруваат дека детето е навистина комплетна личност која може да ги разбере зборовите и искрено да комуницира.
Се чувствувате одговорни за чувствата на вашите деца
Родителите им го отстапуваат најголемиот дел од времето на децата, но нездраво (а уште помалку здраво за децата) е да се стане родител без его, запоставувајќи ги своите потреби и поништувајќи се себеси. Потребни ни се лични граници, а на децата им требаат родители кои ќе ги моделираат. Ова значи да се има искрен, автентичен однос со почит, што ќе го направи јасно и едноставно поставувањето на границите за децата во текот на нивните тинејџерски години.
Не можете да се помирите со непријатноста што ја чувствувате поради интензивните емоции на детето
Родителите често ги преземаат на себе разочарувањето, тагата и гневот на своето дете наместо да бидат негово сидро и безбедно засолниште. Родителите треба да разберат дека за емоционалното здравје на децата, е неопходно да се изразат. Оваа нездрава перцепција на децата и нивните чувства го спречува развојот на емоционална отпорност, создава потреба за уште повеќе граници во детството и ќе ве исцрпува секојпат кога ќе треба да кажете „не“ или да инсистирате на нешто (што често ќе биде така).
Вашето дете треба да се однесува на таков начин што ќе се индивидуализира здраво. Ако чувствувате одговорност за секојдневните емоции на вашето дете, нема да бидете подготвени да поставувате искрени граници, ќе се изморите и веројатно ќе завршите со викање или плачење, што не е здраво ниту за вашите деца. Откако ќе ги исполните основните потреби на вашето дете, ваша единствена одговорност е да ги прифатите и да ги признаете.
Родителите често викаат затоа што го очекуваат невозможното.
Децата се истражувачи. Ним им требаат безбедни места каде што ќе можат слободно да се движат, да експериментираат, да истражуваат. Барањето од детето да не трча, да не скока или да не се качува е слично на реченицата: „Не диши“. Создајте и пронајдете безбедни места за играње на вашите деца. Не изложувајте ги на материјали или опрема што не можат да ја користат како што сакаат, па вие се лутите кога не се придржуваат до тоа. На родителите им останува да избегнуваат ситуации кои ќе го тестираат нивното трпение.
Непотребно влегувате во дискусии со децата
За кавга се потребни двајца, затоа не учествувајте. Вие не сте врсници со вашето дете; вие сте лидер. Затоа, наместо лично да го сфатите однесувањето на вашето дете и да почнете да викате, остварете контакт со очите со детето и кажете ја границата со целосна доверба: „Време е да ги измиеш забите.“ Дајте лесен избор или можност да донесете независна одлука.
Решение: Признајте ги чувствата на несогласување на вашето дете!
Колку и да е ова целосно контраинтуитивно за повеќето родители, функционира. Колку сте поподготвени да се согласите со чувствата на вашето дете додека мирно се придржувате до границите, толку полесно детето ќе се откаже од отпорот и ќе продолжи понатаму. Како може вашето дете да продолжи да се бори кога вие нема да престанете да се согласувате со него? Ова родителско „бело знаме“ на емпатија за чудо ќе ја стопи тензијата меѓу децата и родителите. Откако ќе сфатите дека упорното, импулсивно, непожелно однесување на вашето дете е всушност само непријатно барање за ваша помош, веројатно ќе ви биде полесно да престанете да викате за тоа.
Автор: Ана Хлача
Извор