Секое движење има некоја своја развојна смисла, па така и икањето. Како што не толку одамна научниците заклучија дека една од причините зошто бебето ја удира мајката додека е во матката е затоа што неговиот мозок учи да го перципира движењето и сопственото тело, експертите заклучиле и дека икањето служи за некоја друга повисока цел.

Се активираат мозочни бранови!

Научниот тим од Универзитетскиот колеџ во Лондон открил дека кога новороденчето ика, се активираат мозочните бранови. Сметаат дека баш мозочните бранови кои се активираат при икањето помагаат бебињата да научат како да го регулира дишењето. Нивното истражување се темели на снимките на мозоците на неколку стотици новородени бебиња, а може да одговори на прашањето: Зошто малите бебиња често икаат?, па дури и додека се во матката.

– Причините зошто икаме како возрасни и не се толку очигледни, но веројатно се работи за развојна улога со оглед на тоа дека фетусите и новороденчињата често икаат – вели водечката авторка на студијата Кимберли Вајтхед во соопштението за јавност во однос на истражувањето.

Имено, во еден од заклучоците д-р Лоренцо Фабрици наведува дека мозочната активност што произлегува од икањето му помага на бебешкиот мозок да научи да ги надгледува мускулите за дишење за на крајот дишењето да може да се контролира со поместувањето на дијафрагмата.

Па така, кога бебето ика, се стеснува дијафрагмата, но тоа не е сè – кога бебето ика, мозокот реагира со два големи мозочни бранови, а потоа следува и трет. Истражувачите тврдат дека всушност третиот мозочен бран ја најавува улогата на икањето бидејќи е сличен на мозочниот бран кој бебешкиот мозок го емитира кога слуша врева. Сметаат дека комбинацијата од звукот на икање и контракциите на мускулите од дијафрагмата го учи мозокот на бебето на важни лекции за дишењето и создава витални врски во мозокот.

– Кога се раѓаме, круговите што ги обработуваат телесните сетила не се целосно развиени, па воспоставувањето на таквите мрежи е клучна развојна пресвртница за новороденчињата – објаснува д-р Фабрици. Исто така, експертите од оваа студија сметаат дека икањето на возрасните може да биде рефлекс заостанат од детството, откако икањето ги научило малите бебиња на важни лекции за преживување.

Автор: Сања Маташиќ

Извор



912

X