Просечно лице во САД поминува околу 3 часа на паметен телефон на ден. Психолозите дури велат дека семејствата денес поминуваат повеќе време „сами заедно“. Тоа значи дека родителите се физички присутни, но жртвуваат драгоцено време со своите деца заради комуникација на интернет. И на крај, децата се оние што трпат штетни последици од ваквиот начин на живот.

Тешко е да се живее без паметните телефони, но ова е потсетник дека постојат сериозни последици.

1. Децата може да имаат проблем со социјалниот развој

Недостигот на родителско внимание не само што прави на децата да им недостига социјална иницијатива, туку и го оштетува развојот на мозокот. Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија откриле дека фрагментираната мајчина грижа може да има негативно влијание врз развојот на детето и да биде причина за емоционални нарушувања.

Дури и малите работи, како што се пишување пораки, може да имаат негативно влијание на долг рок. На децата им е потребна стабилна и предвидлива средина за да се обезбеди развој на мозокот. И недостигот на грижата на мајките може да ги зголеми ризиците од нарушување на ваквиот развој и да предизвика психолошки проблеми како депресија, ризично однесување и злоупотреба на супстанции.

2. Децата стануваат лути и лошо се однесуваат

Психолозите велат дека родителите треба да постават граници за користењето на паметните телефони не само за своите деца, туку и за себе. Тие пријавиле дека децата се чувствуваат „тажни, луди, лути и осамени“ кога нивните родители ги избираат своите телефони наместо нив. Некои деца може да почнат да глумат и да покажуваат благи знаци на агресија, на пример, оштетување на телефоните на нивните родители за тие конечно да го добијат посакуваното внимание од нив.

Недостигот на внимание ги тера децата да се чувствуваат изоставени и недоволно интересни за да бидат сакани. Сето ова ја уништува нивната самодоверба и предизвикува проблеми во однесувањето. Исто така, го влошува квалитетот на родителството и ги намалува потребите на детето, предизвикувајќи им непотребен стрес.

3. Децата не ги гледаат своите родители како добар модел

На многу луѓе ако не го проверат телефонот во рок од една минута, тоа им претставува вистинско мачење. Истражувачите набљудувале семејства во ресторани за брза храна и откриле дека околу 70 отсто од нив ги користеле своите телефони за време на оброкот. Некои членови на семејството дури и ги ваделе телефоните веднаш штом ќе седнеле на масата. На овој начин родителите ги лишуваат своите деца од можноста да се вклучат во интеракција очи в очи и да научат како да се однесуваат.

Децата го имитираат однесувањето на родителите и стекнуваат социјални вештини преку комуникација со нив. Децата учат како да водат разговор, да изразуваат љубов и да покажуваат интерес за другите луѓе – ако нивните родители не служат како пример, тие ги пропуштаат овие важни вештини и може да имаат проблеми при градењето емотивна врска со луѓето подоцна во животот.

4. Децата се повредени затоа што мора да се натпреваруваат за вниманието на нивните родители

Иако родителите ги сакаат и ги ценат своите деца без оглед на сè, прекумерната употреба на паметни телефони ги тера децата да се чувствуваат како да не се доволно важни и ги полудува затоа што треба да се натпреваруваат за вниманието на своите родители. Децата велат дека проверувањето на телефонот за време на разговорот е една од најлошите родителски навики. Дури 56 отсто тврделе дека би им ги одзеле паметните телефони на нивните родители доколку имаат шанса!

На децата им е потребно внимание за да се чувствуваат сигурно и самоуверено, бидејќи тоа придонесува за нивниот емоционален развој и им ја олеснува интеракцијата со другите луѓе. Кога децата чувствуваат дека нивните родители ги сакаат и ги ценат, тие ја разбираат нивната самостојност и знаат дека го заслужуваат само најдоброто. Тие знаат дека се доволно добри и нема што да докажуваат.

5. Децата стануваат попасивни и одвоени

Емотивната врска помеѓу родителите и нивните деца е силна, но ранлива. За да го докажат тоа, истражувачите го оцениле однесувањето на бебињата на возраст од 7 до 24 месеци во ситуација кога нивните мајки престанале да играат со нив и наместо тоа, го насочиле вниманието кон нивните телефони. Нивниот емотивен одговор бил прилично изненадувачки.

Децата покажале знаци на вознемиреност и не биле заинтересирани за истражување на околината кога мајката го користела телефонот. И се појавија овие негативни последици: колку подолго мајката го користела телефонот, толку повеќе се одделувало и било незаинтересирано детето. Дури и кога мајките биле подготвени повторно да играат, бебињата не се вклучиле во комуникацијата како претходно.

Децата копнеат по љубов и внимание и задача на родителите е да им го дадат тоа. Во ред е да одговорите на итен повик, но во повеќето случаи подобро е да го оставите телефонот и да поминете квалитетно време со вашето дете. Не само што тоа ќе ви донесе радост, туку и ќе придонесе за емоционалниот развој на детето и е уште еден важен чекор да ги претвори во среќно и самостојно човечко суштество.

Извор



912

X