Кога бевме помлади, мразевме кога родителите нѐ испраќаа во собата и се колневме дека никогаш, никогаш нема да го правиме тоа со нашите деца.

Сега сте родители и кога вашето дете се однесува лошо, тоа не ви дава друг избор освен да му речете да оди во неговата соба. Значи, историјата се повторува и вашето дете ве мрази. Ако сте искрени, сигурно и вие не се чувствувате добро.

Но, што ако постои друг начин за на вашето дете и себеси да си ги дозволите потребната дистанца и одмор, без казна и омразената реченица: „Оди во твојата соба!“

Неодамна, на својот инстаграм-профил д-р Сиги Коен, психолог специјализиран за развој на децата, дава совети за тоа што треба да направите кога ви е потребна пауза.

Прво, ајде да поразговараме за тоа што се случува кога ќе почувствувате потреба да вреснете: „Оди во твојата соба!“ Шансите да се чувствувате прилично вознемирени и лути во тој момент се навистина големи.

– Сосема е во ред да се чувствувате така. Но, лутината и фрустрацијата не се ефикасни родителски алатки. Тие ве тераат да реагирате импулсивно и да користите тактики како срам и вина – вели д-р Сиги.

Што се случува со детето кога ќе му ја кажете оваа реченица?

Како што веројатно се сеќавате од вашето детство, тоа време детето сигурно нема да го искористи за саморефлексија или размислување за тоа што можело да направи поинаку.

– Наместо тоа, вашето дете ќе го помине времето чувствувајќи вина и главно чувствувајќи лутина и бес – објаснува д-р Сиги. Сепак, ова не значи дека треба да се дозволи несоодветното однесување да остане незабележано.

Совет од психологот

Д-р Сиги нуди алтернативен пристап кој ја охрабрува интроспекцијата:

– Ова што се случи воопшто не е во ред. И двајцата треба да размислиме за тоа. Значи, ќе се одмориме еден од друг. Потоа, кога ќе се вратиме и ќе размислиме, јас ќе ти кажам што мислев за тоа што се случи, и ти ќе ми кажеш што мислеше. Заедно ќе одлучиме што ќе направиме следниот пат за да ни биде подобро на двајцата.

На овој начин вие му давате време и простор на детето да размисли што направило, но наместо да го обвинувате, вие го пренасочувате тонот кон прифаќање и сфаќање. Тоа создава поголем простор за размислување.

Исто така, го вклучувате вашето дете во решавањето на проблемот, а тоа е вештина што ќе му послужи во тинејџерските години и подоцна во животот. И тоа не е сè.

– Вие моделирате соработка и решавате конфликти на емотивно прифатлив и одговорен начин. На крајот, го овластувате вашето дете да размислува за сопственото однесување, а тоа е исклучително важно – додава д-р Сиги.

Извор



912

X