Се појавува проблем и партнерот веднаш избувнува. Не може да дискутира за проблемот ако не стане дефанзивен или индиферентен, не сноси одговорност и ја насочува вината кон другиот. Проблемот се зголемува бидејќи ништо не се решава. Се гради одбивност меѓу партнерите, а меѓусебната доверба се намалува. Со текот на времето, тие се разделуваат.

Иако партнерот може да биде делумно свесен за својата неможност да реши конфликт, често му е тешко да го подобри тој сегмент. Едно можно објаснување, според психоаналитичкото мислење, е дека тоа се случува поради несвесен механизам за одбрана поврзан со детството, наречен идентификација со агресорот.

Сведочење на избувлив конфликт помеѓу мајката и таткото може да биде вистинска траума за децата. Детето не е опремено да се справува со теророт од гледање двајца возрасни што ги сака како физички или емоционално се повредуваат меѓу себе. Детето веќе се чувствува мало во голем свет, па чувството на емпатија со немоќниот родител е сценарио кое може да биде премногу за него. Чувството на беспомошност е застрашувачко за секој човек, особено за децата. Некои експерти велат дека со цел да се избегне чувството на беспомошност, детето може да се идентификува со агресорот.

Во очите на детето, агресивниот родител е моќниот родител. Кога детето се идентификува со доминантниот родител, често и самото се чувствува моќно. Ова го зголемува чувството на беспомошност и страв. Сепак, долгорочната последица од овој несовесен одбранбен механизам може да биде катастрофална. Со константната потреба да се биде моќното лице во интерперсоналната интеракција, детето може несвесно да инкорпорира одбранбени структури сочинети од различни механизми.

Екстремната девијација и проекција може да ѝ се придружи на идентификацијата со агресорот. Девијацијата се случува кога лицето ја искривува интеракцијата со цел да се искупи себеси од одговорноста од сопствените дела или зборови. Проекцијата, пак, се шири кога лицето ја префрла вината на друг за да се изземе себеси од одговорноста.

Оваа одбранбена структура може да стане робустна, што ќе го оддели сето она кое му се заканува на егото на лицето или прави да се чувствува ранливо. Ранливоста придружена со неколку непријатни емоции ѝ дозволува на личноста да одржува блиски и здрави меѓусебни односи. Пресметливоста, каењето и емпатијата може да предизвикаат вознемиреност, но тоа се неопходни способности на лице кое е способно да реши конфликт, да го поддржи партнерот и да ги модифицира негативните однесувања кои ѝ се закануваат на блискоста. Ако партнерот се брани од тоа да биде ранлив, тогаш можно е да не може да дискутира на фер начин.

Соочувањето на мислењата, иако се различни, е критично за решавањето на конфликтот. Ако имате разбирање за другото гледиште, не значи дека веднаш сте се предале. Едноставно значи дека се поставувате на местото на другиот. Разбирањето е есенцијално во ваков случај. Кога партнерот се чувствува слушнат, разбран и почитуван, помалку ќе дојде до ескалација и избувнување. Повеќе ќе има можност за компромис и согласување на нешто кое ќе им одговара на двете страни.

Партнерот кој постојано ги претвора несогласувањата во моќни борби можно е помалку да биде способен за почит, емпатија и насочување кон наоѓање здраво решение. Ако аргументите завршуваат со јасен победник и губитник, тоа е знак дека преовладуваат одбранбените механизми од детството на партнерот.

На пример, да кажеме дека Сали е вознемирена. Нејзиниот сопруг Рон заборава да ги провери децата во понеделник вечер, кога таа подолго останува на работа. Кога Сали го прашува Рон што се случило, тој луто одговара: „Требаше да вежбам. Секогаш работам. Ти имаш еден долг ден, а за мене секој ден е долг! Ми требаше време за вежбање!“

Сали објаснува дека децата ѝ испратиле порака прашувајќи каде е Рон, но бидејќи таа била на работа, не можела да им одговори. Загрижена и вознемирена на крајот од смената, таа брза дома и наидува на празен дом. Панично ги довикува децата. Бара низ соседството и ги наоѓа како гледаат ТВ во куќата на соседите. Кога Сали комуницира со Рон за паниката што ја почувствувала, Рон не покажува емпатија. Тој ја обвинува неа дека лошо комуницира. Како тој би знаел дека треба да биде дома таа вечер? Сепак, кога Сали го потсетила дека тоа е нормална рутина во понеделник вечер, Рон одбива да дискутира и тврди дека заборавил кој ден е. Во ова сценарио Рон луто ѝ ја префрла вината на Сали и се поставува како жртва. Одбива да ја земе предвид перспективата на Сали и нејзините чувства. Конфликтот останува нерешен и Сали е вознемирува и не му верува на Рон.

На крајот, да кажеме дека Рон ѝ вели на Сали: „Жал ми е. Сигурно си нервозна. Сосема заборавив кој ден е денеска. Нема пак да заборавам, драга“. Способноста на Рон да ја види ситуацијата од гледиштето на Сали ќе му дозволи да разбере и да резонира со неа. Сали ќе се чувствува разбрана, почитувана и ќе продолжи да му верува на Рон бидејќи ја признал грешката.

Ако партнерот не може да ја земе предвид перспективата на другиот, тој проектира неправедна вина и има недостиг на емпатија, веројатно поради некои одбранбени механизми од детството и идентификација со агресорот. Бидејќи овие механизми се претежно несвесни, партнерот може да не разбере целосно што всушност прави. Охрабрувањето на партнерот да иницира терапија со цел да поработи на траумите од детството може многу да помогне. Ако партнерот нема мотивација да побара помош, можеби е време длабоко да се размисли за односот. Зборувањето со терапевт за тешкотиите може да открие дали обидот за спасување на односот е вреден или залуден.

Автор: Ерин Леонард, психотерапевт

Извор



912

X