Вообичаено е убодот од комарец да предизвика блага реакција на кожата. Може да се влоши во текот на следните 24 часа, но обично исчезнува потоа, често во рок од една недела. Но, поретко детето може да има потешка реакција наречена Скитеров синдром.
Скитеровиот синдром почесто се јавува кај мали деца и бебиња. Ќе забележите голем оток, црвенило и чешање или детето ќе се жали на болка на местото на каснувањето. Таквата реакција може да се развие во рок од неколку часа по каснувањето и да трае со недели.
Во рок од неколку минути по каснувањето се појавуваат мало црвенило и оток, проследени со црвено-кафеава испакнатина во следните два дена. Испакнатината обично е тврда и чеша. Понекогаш детето може да добие мали пликови или мали темни дамки кои изгледаат како повреда. Контактот со комарец мора да трае најмалку шест секунди за да дојде до овој тип реакција.
Кој може да добие Скитер синдром?
Скитер синдромот е предизвикан од реакцијата на телото на полипептидите кои се наоѓаат во плунката на женските комарци. Полипептидите се синџири на молекули наречени аминокиселини. Женскиот комарец мора да се храни со крв за да произведе јајца. Комарците користат делови од устата наречени пробосциси за да ја пробијат кожата и да цицаат крв. Додека цицаат крв, во организмот внесуваат и мала количина плунка бидејќи плунката содржи супстанција која го спречува згрутчувањето на крвта. Машките комарци не касаат.
Скитеровиот синдром е редок, но некои чувствителни групи имаат поголема веројатност да го добијат, вклучувајќи:
- Бебињата и децата, бидејќи имаат послаб имунитет;
- Возрасни кои се каснати од вид комарец со кој дотогаш не стапиле во контакт. Полипептидите во плунката може да варираат од еден вид до друг;
- Посклони се луѓето што имаат нарушување на имунолошкиот систем. Тоа е системот кој го штити вашето тело од инфекции.
Ако детето има неколку каснувања од комарец, тоа станува помалку чувствително на плунка, така што тешките реакции како Скитеровиот синдром не се чести.
912