Здравје

Зошто не треба да закажувате царски рез?

Проф. д-р Синиша Стојиќ, гинеколог од Србија, зборува за „закажаниот“ царски рез, односно породувањето кое го закажува бремената жена однапред кажувајќи дека сака да се породи со царски рез. Тој вели дека во Србија, според достапните податоци, 30 до 40 отсто од породувањата се вршат со царски рез, но подвлече дека индикацијата „по волја“ всушност не постои.

– Вагиналното породување е најприродно, обезбедува најнизок степен на компликации. Секако, сѐ си има своја тежина, и вагиналниот и царскиот рез, но царскиот рез е сериозна операција. Кај нас уделот на царскиот рез во вкупниот бројот породувања варира, расте експоненцијално од година на година – вели д-р Стојиќ.

– Постои одреден страв од вагиналното породување кај жените бидејќи тие немаат направено соодветна психо-физичка подготовка, а таа постои на клиниките и секоја трудница треба да ја помине. Идејата за вагинално породување жените ја поврзуваат со болка и непријатност и мислат дека тоа носи повеќе можности за повреда или дури и компликација – додава тој.

Професорот подвлече дека, официјално, не постои можност да се „бара“ царски рез, но теоријата и практиката не се поклопуваат.

– Царскиот рез не се дозволува по желба. Но, факт е дека се случува – вели тој и додаде дека често се закажуваат породувања за детето да се роди на одреден важен датум.

– Не е сеедно кога ќе се роди бебето, а две недели ќе му значат на бебето за да созреат сите негови органи. Не зборуваме само за белите дробови, туку и за дигестивниот тракт, треба да се развијат сите системи и се трудиме да го задржиме бебето во утробата што е можно подолго – вели тој и објасни која е идеалната недела за породување.

– Моментално, се смета дека 39. недела е оптималното време, но астрологот и нумерологот сигурно нема да ви кажат дека предвременото породување има последици. Сѐ пред 39. недела е прерано. Предвременото породување ги зголемува шансите ситуацијата да заврши како итен случај. Сето тоа е напад на природата, а вагиналното породување на бебето му овозможува стрес со кој созреваат белите дробови, мозокот и другите органи. Доколку бебето не помине низ тој стрес и адреналин, тоа не е соодветно подготвено за раѓање. Не треба да си играте – вели тој.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top