Можеби причината што тинејџерите се изолираат кога имаат проблем наместо да им се обратат на родителите, всушност, лежи во фактот што кога биле деца, истите тие родители ги научиле на тоа.

Кога имаш проблем, кога те обземаат емоции и не можеш да го контролираш своето однесување, одиш в ќош, во твојата соба или на некое трето место каде што сам ќе размислиш што си направил. За СВОЈОТ проблем.

Наместо да им помогнеме да го решат проблемот, дури и кога изгледа дека децата не ја сакаат нашата помош.

Кога децата се мали и се борат да се справат со своите емоции, тие навистина не знаат како да ги изразат на вистински начин. Уште не научиле. За тоа им треба време. Затоа понекогаш стануваат хистерични, затоа имаат изливи на гнев. Затоа врескаат и плачат. Тоа е нивниот начин на комуникација со нас. Никогаш нема да го заборавам син ми кога на 2,5 години рече: „Мамо, не сакам да бидам ваков! Мамо, смири ме!“ А јас викав непосредно пред тоа затоа што го изгубив секое друго оружје за да се борам со него додека се фрлаше на подот. И тоа беше толку јасен повик за помош што многу деца не знаат како да го испратат. Наместо тоа, тие комуницираат најдобро што можат. Ним им е потребна помош од возрасните за да ги организираат, обработат, изразат своите чувства на здрав начин. А општеството нѐ учи дека треба да бидат казнети во тие моменти. Испратени во изолација. Истепани.

Ги учиме, упорно ги учиме да не го покажуваат тоа што го чувствуваат. Не лелекајте. Не жалете се. Немој да ми плачеш. Вашите чувства се погрешни. Тоа што го чувствувате е сосема неважно. Биди тивок… По некое време, тие го прават токму тоа. Тивки се и престануваат да покажуваат емоции. Затоа што – така им кажавме! Многупати сме барале да го сторат тоа. Толку пати кога сме им требале, морале целосно сами да се справат со нивниот проблем. Во нивната соба. В ќош. На стол за размислување.

И тогаш тие стануваат тинејџери и очекуваме да ни се обратат за помош кога ќе имаат проблем. Да имаат доверба во нас. Затоа што, тоа веќе може да биде сериозен проблем и треба да знаеме за тоа. Сакаме да се чувствуваат слободни да ни кажат, да разговараат со нас. Очекуваме да знаат дека сега е во ред. Дека сега сакаме да бидеме дел од нивниот проблем и да им помогнеме. Но, веќе се научени дека мора да го прават тоа сами, па сега не можат поинаку.

Оставете ги вашите деца да чувствуваат. Дајте им до знаење дека нивните чувства се важни. Дајте им до знаење дека сте тука да ги слушнете.

Хистеријата поради истурено млеко во погрешна чаша или изгубен молив брзо ќе помине и ќе отстапи место за раскинувања, скршени срца, дилеми поврзани со секс, насилство од врсници или други предизвици што ги носи тинејџерскиот период. А вие сакате тогаш да дојдат кај вас, да ви го доверат нивниот проблем, колку и да е тој мал.

Бидете нивното безбедно засолниште денес.

Извор



912

X