Воспитување

Зошто малите деца заспиваат на под? Еве што велат експертите

„Троп, троп, троп“ – слушам од собата на моето 2-годишно дете. Одам да проверам и гледам, со едното раче силно тропа, додека другото му е пуштено под вратата. Ова е неговата последна тактика да ме натера да го пуштам од собата, каде што помина еден час лежејќи на подот во состојба помеѓу заспаност и будност.

Последните шест недели син ми се бореше со попладневните дремки, станувајќи од креветот и заспивајќи на тепихот. Се обидував повторно и повторно да го вратам во креветот, но ништо не го одвлече од неговата намера да ги прескокне попладневните дремки.

Навечер спие сосема во ред, но кога станува збор за неговите попладневни дремки, тој гласно протестира. Кога мојот постар син имаше 2 години, и тој спиеше на подот на почетокот на секоја дремка и пред легнување навечер. Обично можев да го преместам во неговиот кревет без проблем. Но, тоа не е случај и со Лијам. Понекогаш целата дремка ќе ја помине на подот.

– Кога малите деца прво учат да се смират сами, може да им е потребно време да ги развијат овие вештини без помош од родителот. Ако децата одбиваат дремки и/или ескалира нивното однесување пред дремката, можеби ќе им биде потребно подолго време за сами да се смират – вели Стефани Ли, психолог од Институтот „Чајлд мајнд“.

Може да има и други фактори што придонесуваат малите деца да сакаат да спијат на подот.

– Малите деца може да спијат на подот ако премногу брзо (пред третата година) биле „преселени“ од креветчето во поголем кревет и ако не им се јасни очекувањата од родителите или, пак, не се сигурни дали можат да заспијат сами – вели Сиера Данте, овластен педијатарски консултант за спиење.

Што можам да направам за да му помогнам на моето дете кое спие на подот?

Што и да прави детето, а во тоа е вклучена некаква борба, за самиот родител е вознемирувачко искуство. Особено кога станува збор за нешто толку важно како сонот. Тогаш, како да ги натерате да спијат во нивниот кревет наместо на под?

– Постојат многу различни начини да се пристапи кон тоа и тоа навистина зависи од вашето семејство и рутините пред спиење. Можеби е корисно да се обидете со користење награди и/или да барате од вашето дете да спие во неговиот кревет давајќи сѐ од себе да бидете доследни за да го вратите во креветот. Знам дека е тешко, но ако поминете низ неколку груби ноќи, вашите напори ќе бидат наградени – вели д-р Ли.

Колку се важни рутините за спиењето?

– Спиењето е една од најприродните, најлесни и најпријатни работи што ги правиме; ако детето се бори со дремката и спиењето, тајмингот може да е проблем. Децата што спијат од 11 до 12 часа навечер (што е стандардно за бебиња, мали деца и деца од предучилишна возраст) се подготвени да престанат со попладневните дремки помеѓу 2,5 и 3,5 години. Ако детето сè уште спие попладне, иако навечер спие доволно часови, ова може да предизвика нарушување пред спиењето. Ако сонот не е лесен и пријатен за детето, тогаш тоа може да се подобри – исто како и со која било друга вештина за која им помагаме на децата да ја научат – вели Данте.

Автор: Сидни Елис
Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top