Обично родителите користат колички за бебињата и мал број од нив се одлучуваат за кенгур. Но, мајките во Јапонија претпочитаат да ги носат малите деца во кенгур.

Ова е вообичаена слика, особено во големите градови. Четири од пет жени што ќе ги сретнете на улица практикуваат ваков начин на носење бебиња.

Ваквиот обичај потекнува од историски контекст, но има и практични причини.

Работење на оризови полиња и грижа за децата

Низ историјата, бебињата биле носени во таканаречени „онбухимос“, што во превод значи заден појас.

Станува збор за носилка од мека ткаенина која им била удобна на жените, кои на оризовите полиња со себе морале да ги носат бебињата и малите деца.

За да можат да внимаваат на децата додека работат, овој начин на носење се покажал како најсоодветен.

Физичка врска со бебињата

Врската меѓу јапонските мајки и нивните бебиња е многу силна бидејќи тие ја ценат физичката поврзаност. Од мали нозе ги вклучуваат своите деца во активности и не ја пропуштаат можноста да бидат физички блиску до нив.

Бебињата се поопуштени

Истражување спроведено во Јапонија на 12 здрави бебиња покажа дека бебињата што се носени на овој начин се порелаксирани и имаат побавен пулс.

Истото истражување покажа дека бебињата чии мајки ги носат на прошетки се поопуштени и помирни од бебињата кои мајките ги возат во количка, без разлика на возраста на мајката или брзината на одење.

Попрактично е кога мајките користат јавен превоз

Бидејќи голем број Јапонци користат јавен превоз, мајките кои би сакале да го посетат Токио или други градови со автобус, метро или воз бараат погодно решение.

Тие претпочитаат да ги носат своите бебиња во носач или марама наместо во количка, бидејќи на тој начин не мора да се грижат дали тркалата ќе им се заглават при влегување и излегување од возилото.

Извор



912

X