Редовното лежење на стомакот му помага на вашето бебе да ги развие мускулите што ќе му бидат потребни за тркалање и лазење, но кога да почнете да го ставате на стомак, како да го правите тоа – и што ако вашето бебе не ја сака оваа положба?
Што претставува лежењето на стомак?
Лежењето на стомак е време кое вашето бебе го поминува лежејќи на својот стомак. Тоа е нешто што на сите новопечени родители им се советува да го планираат во денот на своето бебе – да му помогнат на да ја развие контролата на вратот и да ги зајакне мускулите на горниот дел од телото што ќе им бидат потребни во месеците што доаѓаат за тркалање и лазење.
Кога може да се стави бебето на стомак?
Уште во првите неколку дена од животот на вашето бебе, секако, на почеток кратко. Кратко затоа што мускулите на вратот на новороденчето не се силни, па вашето бебе ќе може да ја крене главата за да ја сврти и да го стави спротивниот образ надолу, но тоа е сè.
Лежење на стомак кај мало бебе
На малото бебе веројатно нема да му се допадне тоа што ќе биде на стомак, па затоа е подобро да лежи со стомакот на вашите гради.
Ова е одличен начин за гушкање и поврзување со вашето бебе. Бебето ќе се чувствува безбедно и блиску до вас и ќе може да го истражува вашето лице, да ве гледа и да ве слуша, како и да ја почувствува вашата топлина. Тоа инстинктивно ќе сака да ја крене главата.
Друга положба на стомак одлична за новороденчињата и малите бебиња е да го поставите малку погоре на градите за да може да ѕирка преку вашето рамо. Држете ја главата на бебето со вашето тело или раце за да не се навали наназад.
Држете го вашето бебе на градите само кога сте будни: лежењето на стомак не е нешто што треба да го правите кога сте уморни бидејќи заспивањето со вашето бебе во таа положба носи ризик од задушување.
Лежењето на стомак кај 3 и 4-месечно бебе
Откако вашето бебе ќе наполни 3 месеци, веројатно ќе има доволно контрола на главата за да ја крене и да ја држи.
Затоа, сега е време да видите дали може да почнете неколку сесии за стомак на подот. Ставете меко ќебе или подлога за играње и ставете го бебето на подот. Свртете се кон него за да го охрабрите да ја држи главата горе, гледајќи ве вас.

Додека сте до него, зборувајте му и пејте му. Можете да ставите и огледало или неколку топчиња со светли бои пред бебето за да може да ги гледа.
Лежење на стомак кај 4 и 7-месечно бебе
Како што вашето бебе учи да се турка со рацете и да ги крева градите, како и да зграпчи предмет, можете да почнете со подолго лежење на стомак.
Почнете да ставате играчки подалеку од дофатот на бебето за да мора да се потруди да ги земе.
Дали е во ред бебето да биде на стомак по јадење?
Да, ако го ставите вашето бебе на градите – всушност, некои истражувања посочуваат дека тоа е добро за варењето и може да помогне во олеснување на коликите. Доколку планирате да го ставите на подот, подобро би било да почекате барем еден час.
Колку долго треба да биде на стомак?
На почеток, може да е кратко: 10 секунди се во ред. Доколку вашето бебе не е среќно на стомак, станете го. Очекувајте напредокот да биде постепен. Важно е да се обидувате по малку секој ден и да додавате неколку секунди.
Како што вашето бебе расте и станува посилно, можете да го зголемувате времето од 40 до 60 минути на ден.
Зошто е важно времето на стомак?
Времето на стомак е важно затоа што бебињата поминуваат многу време лежејќи на грб. Кога го ставате на стомак, ќе ги зајакне мускулите на вратот и рамената.
Што ако моето бебе не сака да поминува време лежејќи на стомак?
Малите бебиња не сакаат да лежат на стомак. Но, не откажувајте се. Бидете трпеливи и истрајни и ќе откриете на кои начини ќе му биде удобно на бебето.
Совети за бебињата што не сакаат да лежат на стомак:
– За почеток, држете го на вашите гради;
– Изберете го вистинското време;
– Не терајте го. Ако му е доволно, престанете;
– Пробајте да го ставите во вашиот скут;
– Ставете мала завиткана крпа под градите на бебето.