Децата кои не читаат, освен кога мораат, се четирипати побројни во споредба со ситуацијата пред 40 години, практично една третина. Читањето од задоволство е еден од најважните предуслови за успех во образованието, а само 14% од децата денес го прават тоа секој ден.

Зошто е важно децата да читаат дури и кога тоа не е „задолжително“?

-читањето од задоволство е поважно за образовниот успех отколку семејниот социо-економски статус.

-децата што читаат од задоволство имаат побогат речник, подобри вештини за пишување, подобра способност за разбирање на материјалот и подобри просечни оценки по речиси сите предмети.

-детето кое нема доволно богат речник, потешко учи да чита, а уште потешко ги разбира лекциите што ги чита бидејќи неговата работна меморија е преоптоварена со дешифрирање на значењето на зборовите, за да може да го разбере значењето на целите реченици. Треба да знаеме околу 98% од зборовите во текстот за да можеме да го следиме без тешкотии, вели когнитивниот психолог Даниел Вилингам во книгата „The reading Mind“.

-благодарение на читачкото искуство, се стекнува чувство за тоа што значи одреден збор во различни реченични конструкции, што е тешко да го совлада неискусен читател. Децата што читаат повеќе ја совладуваат способноста на т.н. длабоко читање, што значи дека покрај значењето на зборот, добро ги познаваат и врските помеѓу тој збор и другите зборови, па им треба помалку време да го обработат секој читан збор и да проценат на која категорија припаѓа, што значи дека подобро ќе го разберат прочитаниот текст.

-детето не може да стекне богат вокабулар со слушање говор (во живо во разговори или преку медиуми), бидејќи во пишувањето користиме побогат речник и понеобични зборови.

-не е важно само детето да чита, туку и што чита. Ако не чита редовно, нема да може да се занимава со посериозни книги и нема да има голема корист од читањето затоа што ќе чита со развој кој е типичен за помала возраст.

-читањето фикција го зголемува нашиот капацитет за емпатија, затоа што учиме да ги гледаме работите од гледна точка на ликови со различни особини и животни околности.

-децата можат да го сакаат читањето само ако континуирано читаат. За неискусниот читател, читањето не е ниту лесно ниту пријатно, а полесно станува само со стекнување читачко искуство.

-тешко е да се мотивираат децата да читаат. Наградното читање ја уништува внатрешната мотивација и е краткотрајно.

Како да се поттикне детето да чита?

Читањето ќе биде најзабавно од моментално достапните активности ако на детето му го ограничите времето поминато пред екранот.

-важен е и семејниот вредносен систем (да бидете семејство што чита), но и лесната достапност до книгите – наместо постојано да го потсетувате детето да оди во библиотека, редовно и упорно „фрлајте“ му книги во скутот.

-читајте им многу на децата и не престанувајте кога ќе научат сами да читаат, туку продолжете, читајте им го она што сè уште им е премногу тешко за самостојно читање.

-поместете го времето за спиење на детето малку порано, но дозволете му да чита половина час или еден час в кревет.

Автор: Јована Папан

Извор



912

X