Многу возрасни не знаат како да кажат не. Постојаното прифаќање туѓи идеи и предлози за трошење време нè прави хронично исцрпени и, на крајот, несреќни. Некој ја прифаќа оваа неспособност како неотуѓив дел од неговата личност. Помирен со судбината ќе рече: „Што да правам. Не се чувствувам добро, но ќе одам на роденден кога веќе ми се јави. Знаеш дека не можам да одбијам“. Бидејќи многу карактеристики на нашата личност потекнуваат од детството, така и способноста да се каже не. Коренот на тој енергетски цицач потекнува од околу втората година од животот кога сфативме дека не треба да го кажеме тоа затоа што нема да бидеме сакани и прифатени.

Кога детето ќе развие фаза „не сакам“, многу родители се фаќаат за глава и не им е јасно како одеднаш детето е толку безобразно. Како сега наеднаш така зборува? Од каде го доби тоа? Каде го слушна тоа? Она што особено ги фасцинира е фактот што тие ја немаат оваа способност, а потоа го гледаат сопственото дете дека го кажува тоа.

Бебето во утробата на мајката е буквално едно со мајката. Кога ќе се роди, долго време чувствува дека тоа и неговата мајка се едно. Околу две години кај детето почнува да се појавува психолошки ентитет. Тоа значи дека неговата автентична личност, неговиот идентитет почнува да се развива. Бидејќи детето знае дека не е исто со мајката, но сѐ уште не знае кое е, ги користи „не“ и „не сакам“ за да се разликува од мајката. Детето чувствува дека мора да работи и да размислува спротивно од она што го мисли и прави мајката бидејќи ако прави исто, тогаш тие се едно.

Важноста на ова не лежи во тоа што на овој начин детето секојпат малку подобро се запознава себеси, бидејќи секое негово не значи и едно да. Детето мора да се запознае со неговото да. Тоа значи дека се запознава со сопствените сигнали кои го водат до она што го сака и до активности кои го прават среќно и исполнето. Она што не толку лесно го нервира родителот кај детето воопшто не е насочено кон родителот, туку кон детето. Детето мора да ни каже „не“ за да може себеси да си каже „да“. Мора да ни каже за да биде поинакво од нас. Неговиот идентитет сè уште се развива, а за да се развие нешто, треба да се има развојно-стимулирачка средина. Затоа, мораме да го оставиме да каже „не“ без разлика колку е различно од она што ние го сакаме од него во моментот.

Како изгледа кога ќе растеме без не?

Бидејќи без нашето „не“ не можеме да знаеме кои сме навистина, продолжуваме да живееме со овој проблем подоцна. Кога ќе сфатиме дека ни недостига таа вештина, мора да се вратиме во фазата „не“ за да откриеме кој не ни дал добра шанса кога ни била потребна. На луѓето им е тешко да велат „не“ не затоа што така се научени, туку и затоа што не знаат на што би можеле да кажат да. Кога си научен да не велиш „не“, всушност, си научен да се грижиш за другите, но не и за себе. Она што уште повеќе те влече во таквиот начин на живот е тоа што си прифатен, а тоа сите го сакаме. Кој не би сакал покрај себе да има личност што секогаш ќе се грижи за нашите потреби? Некој кој нè радува во сè и ќе направи сè само за да ни го одржи нашето добро расположение затоа што смета дека е неуспешен ако не се задоволат нашите потреби.

Како да го преминете патот од вашето „не“ до вашето „да“?

Мајчинството е совршено време да се каже „не“ бидејќи тоа е улогата во која добиваме најмногу можности да го сториме тоа. Секоја мајка знае дека може цел ден да ги задоволува туѓите потреби и дека сите околу неа неволно ќе го прифатат тоа. Ако како мајка не знаете за што ќе им кажете „да“, а за што „не“ на другите, секогаш ќе се согласувате со туѓото барање. Затоа што тоа не е нечие барање, тоа е барање на вашето дете за кое, знаете, би направиле сè. Сепак, љубовта кон детето не расте на начин на кој ја намалуваме љубовта кон себе.

Дополнително, им даваме лош пример на нашите деца, особено ако сме мајки на девојчиња кои ќе нѐ имитираат и еден ден ќе го следат нашиот мајчински пат. Затоа понекогаш толку многу боли кога детето ќе ни каже „не“ или „не сакам“. За нас, тоа е како пцуење. Не се кажува, грдо е, вулгарно и непотребно. Кога ќе кажеме некому „не“, чувствуваме дека сме го повредиле. И навистина не сфаќаме колку си го нарушуваме своето право. Ужасно сме лути кога детето ќе ни каже „не“, а потоа мислиме дека и другите ќе се чувствуваат исто кога ќе им го кажеме тоа.

Автор: Мирта Приморац Шејиќ
Извор



912

X